Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески смета дека вклучувањето на компаниите „Џонсон мети“ и „Џонсон контрол“ во пресметувањето на индустриското производство е позитивен показател за македонската економија и оти и во наредниот период ќе дава повеќекратни позитивни ефекти врз македонската индструја, производството и извозот.
 
– Вклучувањето на „Џонсон Мети“ и „Џонсон контрол“ во реалното рефлектирање на структурата на производствените компании во Македонија е еден од показателите дека македонската индустрија не е всушност во негатива, туку во позитивна зона еден подолг период. И ако се погледнат податоците и за крајот на минатата година и со оваа ревидирана основица, каде се вклучени овие претпријатија кои реално работат во земјата, таа покажува позитивни движења. Во февруари според информациите од Џонсон мети е рекорден месец за нивото производство и тие за оваа година најавуваат обрт од 300 милиони евра што е една фантастична мерка која ќе помогне во две насоки. Прво побрзо да дојде до преструктуирањето на македонската економија, оној процес за кој долги години зборуваме како треба да се случи преструктуриање на економија и ова е токму поиказател како се случува преструктуирањето и во делот на производството и во делот на извозот. Ако се погледне структурата на увозот и извозот од годинава не е веќе нафатата и автомобилите главна позиција на страната на увозот, туку тоа е платината и легурите слични на платина што се користат во производство на катализатори, а на извозна страна катализгаторите што ги произведуваат овие компании пред се Џонсон мети се пак главен извозен произозв во првиот месец од годината, изјави министерот Ставрески одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конфернеција во Владата.
 
Тој додаде дека Македонија со ова ја менува структурата во насока на тоа производи кои во себе имаат вградено повисока додатна вредност, поголема вкупна вредност и оти тоа е еден добар знак за македонската економија и за извозот.
 
– Верувам дека во текот на годината уште повеќе ќе имаме дополнителни показатели дека вклучувањето на компаниите кои влегоа како инвеститори во Македонија имаат повеќекратни позитивни ефекти врз македонската индструја, производството и извозот, рече Ставрески.
 
Во однос на зголемувањето на трговскиот дефицит, министерот истакна дека ако порастот на трговскиот дефицит се чита заедно со другите показатели за раст на индустсриското производство и посебно преработувачката индустрија, покажува дека е добар показател. Има, појаснува Ставрески, зголемен увоз кој резултира од зголемено производство и долгорочно тоа е начинот како практично ќе се трансформира економијата. Добро е кога тој увоз не е за стоки за широка потрошувачка, туку е главно за производи кои ги користат фирмите во Македонија за да ги преработат и извезат, рече министерот. Тој изрази уверување дека увозот што е направен во првиот месец ќе биде во преработена форма со дополнителна додатна вредност извезен во следните месеци и на тој начин македонската економија ќе има корист односно девизни приливи.
 
За тоа дали Владата ќе ја намали акцизата на нафтените деривати по примерот на Хрватска, Ставрески рече дека секоја влада презема мерка во зависност од сопствените видувања и потребите на земјата.
 
– Ние презедовме некои други мерки како што знаете во делот на интевенција на пазарот преку стоковите резерви со 40.000 тони пченица. Хрватска тоа не го направи така што не може да правиме директни споредби, бидејќи важно е да бидете ангажирани и да ги решавате проблемите таму каде што се најизразени. Ние сметавме дека кај лебот е најзначалјно да интервенираме бидејќи е основен прехранбен производ и затоа повлековме една таква силна мерка во насока на поголема интервенција отколку што бараа мелничарите се со цел да падне цената на лебот. Веруваме дека нашата интгервенција не само што треба да ја задржи цената на лебот туку треба да предизвика и намалување на цената на лебот и тоа е мојата порака до производителите на лебот, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.(МИА)