ПОЛИТИКА ЗА ВНАТРЕШНАТА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР (СО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ПЕРИОДОТ ОД 2019 ДО 2021 ГОДИНА)
Денес, 12 март 2019 година, Владата на Република Северна Македонија на на 125-та седница ја разгледа и усвои „Политиката за внатрешната финансиска контрола во јавниот сектор (со акциски план за периодот од 2019 до 2021 година)“.
Политиката за внатрешната финансиска контрола во јавниот сектор е стратешки документ за понатамошен развој на системот за внатрешна контрола во јавниот сектор. Целта на овој документ е да ја дефинира рамката на современиот, соодветен и ефективен систем за ЈВФК, вклучувајќи го и финансиското управување и контрола, внатрешната ревизија, централната координација и хармонизација и финансиската инспекција во јавниот сектор, како и да помогне за добро финансиско управување со јавните средства.
Политика за внатрешната финансиска контрола во јавниот сектор за периодот од 2019 до 2021 година
Акциски план за периодот од 2019 до 2021 година
Временска рамка за активностите по акцискиот план
Брошура за твининг лајт проектот „Понатамошно подобрување на системот на внатрешна контрола“