15 април 2022, Скопје – Ве известуваме дека Министерството за финансии во соработка со Управата за јавни приходи, Царинската управа, Бирото за јавни набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки, Државниот завод за ревизија и Министерството за економија ја подготви Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии за периодот 2022 – 2025 година (со Акциски план за 2022 година).
Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2022-2025 година е стратешки документ за развој на системот за управување со јавните финансии, со кој се продолжуваат реформите во јавните финансии за подобрување на фискалната рамка, зајакнување на процесот на планирање, извршување и известување за јавните финансии, зголемување на наплатата на приходите, подобрување на системот на јавни набавки и зајакнување на внатрешната и надворешната контрола преку зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето, што треба да обезбедат забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитетен живот на граѓаните.
Имајќи го предвид значењето на Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2022-2025 и потребата од нејзина квалитетна подготовка, Министерството за финансии спроведува јавна консултација со сите заинтересирани страни.
За таа цел, ве покануваме да ги дадете вашите коментари и предлози за Нацрт-програмата (со Акциски план за 2022 година), најдоцна до 29 април 2022 година, на следните е-адреси:
ana.veljanovska@finance.gov.mk
tanja.boskova@finance.gov.mkelena.ristovska-veljanoska@finance.gov.mk
Нацрт-програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2022-2025 можете да ја преземете на следнава врска:
Нацрт-акцискиот план за спроведување на Програмата за 2022 година можете да го преземете на оваа врска: