6 септември 2019 година, Гевгелија, – Средното училиште „Јосиф Јосифов“ во Гевгелија доби 21 нова училница изградена преку Проектот  за подобрување на општинските услуги МСИП во рамки на Министерството за финансии. Изградбата чинеше 40, 2 милиони денари од кои 34,7 милиони денари се обезбедени преку Светска банка.


– Инвестирањето во едукацијата е најважната инвестиција на една Влада. Кога инвестираме во нови училишта, во подобро образование, ние инвестираме во нашата иднина. И централната власт и локалната власт мора да соработуваат со цел на секое дете да му ги обезбедиме потребните услови за учење. Со овој под-проект се изврши надградба на два ката на западниот дел од објектот, односно се изградија дополнителни 14 нови училници во кои ќе може да учат вкупно 448 деца, како и изградба на дополнителни санитарни јазли во овој дел од објектот согласно потребите, истакна Елези.


Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков,  вели дека со овој инвестиционен зафат уште еднаш се потврдуваат настојувањата на општина Гевгелија за континуирано подобрување на условите за престој и настава во сите образовни институции. Изградбата на 21 училница претставува најголемиот инвестиционен зафат последнава деценија во образованието на општина Гевгелија. Со овој проект се обезбедува обезбедува едносменско работење во ова училиште, но и целосна енергетска заштеда.

Оваа вест е достапна и на: Albanian

Comments are closed.