13 февруари 2018, Скопје – Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша 2,22 милијарди денари (36,1 милиони евра), од кои утре ќе ја врати истата сума, односно 2,22 милијарди денари (36,1 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност. Со ова, нема нето задолжување со оваа аукција.

На аукцијата беа запишани 12-месечни записи со девизна клаузула во износ од 300 милиони денари со каматна стапка од 0,9%, 12-месечни записи без девизна клаузула во износ од 1,319  милијарди денари со каматна стапка 1,2%, 3-годишни обврзници во износ од 299,34 милиони денари со камата од 1,8%,  5-годишни обврзници во износ од 150 милиони денари со камата од 2,2% и 15-годишни обврзници во износ од 148,16 милиони денари со камата од 3,2%.   

Во текот на месец февруари по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 3,857 милијарди денари или 62,72 милиони евра.

Известувањата за аукциите можете да ги преземете на следните линкови:

12-месечни записи без девизна клаузула

12-месечни записи со девизна клаузула

3-годишни државни обрзници

5-годишни државни обврзнизи

15-годишни државни обврзници

 

Comments are closed.