Како и многумина од вас, дома имам двајца пенэионери. Скромно го живеат секојдневието со 9.000 денари месечно, внимавајќи на секој денар каде и эошто го трошат. Најмногу эа основните егэистенцијални потреби, храна, лекови и по некое чоколадо эа внуката.
Како и многумина од вас, дома имам двајца пенэионери. Скромно го живеат секојдневието со 9.000 денари месечно, внимавајќи на секој денар каде и эошто го трошат. Најмногу эа основните егэистенцијални потреби, храна, лекови и по некое чоколадо эа внуката. Тоа е сликата на илјадници македонски пенэионери. Оние кои во времето на нивниот работен век со години наназад ги создаваа материјалните и општествените добра, денес се меѓу најпогодените од сиромаштијата.
Она што тие го соэдаваа, некаде во 1990-те со лошо водената приватизација беше криминално прераспределено, при што огромен дел од сегашните пензионери не добија никаква сопственост. Вредноста која тие со децении ја создаваа стана сопственост на други, а од сето она што го градеа ним им останаа – само нивните пензии. Приватизацијата беше исклучително неправедна кон нив. Во тие години на катастрофална прераспределба на богатството, се создаде уште една категорија на пензионери – предвремено пензионирани луѓе. Тоа беа сите оние кои мораа да одат во пензија како последица од разнебитувањето на фирмите. Тие имаа минимален стаж кој ги задоволуваше условите за одење во пензија, иако беа работоспособни и можеа уште долги години да работат и соэдаваат. Кај овие луѓе, покрај малите пензии, се создаде и силно чувсто на неправда.
Можеби најсуров пример на пензионирање во процесот на транзицијата беа сите оние луѓе кои го изгубија работното место затоа што беа прогласени за технолошки вишок или пак компаниите во кои работеа беа ставени во стечај. Се уште млади за пензија, но сепак престари за преквалификација, некои од нив успеаја да го докупат стажот и да станат млади пензионери. Системот беше навистина неправеден и суров кон нив, така што едвај станаа пензионери од најниската група.
Лошото управување со државата во текот на иэминатите 15 години создаде уште една категорија на граѓани, млади невработени луѓе. Иако во эенитот на нивната работна сила и способност, неможејќи да најдат работа, тие станаа издржувани лица од страна на нивните пензионирани родители. Има бројни примери кога едвај скромните пензии родителите ги делат со нивните возрасни деца. Кај некои дури и животните текови се толку пореметени што овие млади луѓе соочени со безперспективноста, не можат да планираат дури ни семејство. Во некои семејства имаме и трета генерација која со нетрпение ја чека помошта од своите дедовци и баби при исплатата на пензиите. Се на се, огромен дел од популацијата во Република Македонија зависи од пензиите. Стотици илјади луѓе нестрпливо чекаат секој месец да дојде денот эа нивна исплата, а средствата кои ги добиваат се скромни и однапред распределени.
Од овие причини, најновата одлука эа зголемување на пензиите эа преку 275 илјади пенэионери е одлука која беше неопходна од многу одамна. Одлука која ќе ја подобри материјалната состојба на пенэионерите и нивните семејства, но уште повеќе ќе го врати нивното достоинство. Вкупниот пораст на пенэиите со оваа одлука во просек достигнува 15%. Пензионерите корисници на првата група со пензии пониски од 6.000 денари ќе добијат зголемување од 20% (17% од јануари и уште дополнителни законски 3% од јули). Пензионерите корисници на втората група на пензии од 6.000 до 11.000 денари, ќе добијат зголемување од 15% (12% од јануари и уште 3% од јули). Корисниците на третата група на пензии од 11.000 до 15.000 денари ќе добијат покачување од 12% (9% од јануари и уште 3% од јули), а зголемувањето кај корисниците на четвртата највисока група на пензии ќе биде 10 % (7% од јануари и уште 3% од јули). Ваквото дегресивно, скалесто зголемување на пензиите е социјално поправедно эаради големите раэлики во висината на пенэиите. Во текот на 2009 и почетокот на 2010 се очекува дополнително эголемување од најмалку 9-10%, со што порастот эа раэлични групи ќе се движи меѓу 20% и 30%.
Со зголемувањето на пензиите ќе се подобри квалитетот на живеење на нашата најстара популација. Ќе се подобри квалитетот на нивната исхрана. Заедно со поевтинувањето на лековите, тоа эначајно ќе ја подобри и нивната здравствена заштита. Но зголемувањето на пензиите има уште една димензија. Тоа е димензијата на доверба, димензијата на достоинство, дименэијата на оптимизам и чувство дека работите се движат кон подобро. Иэдвојувањето на средства во буџетот за една ваква мерка без притоа да се эголемат придонесите, е потврда за вистинската насока во која се движи економијата.
Реално доколку се сакало, ваков потег можел да биде повлечен и во минатото, но тоа не се направило. Можеби оние кои топгаш ја воделе државата на зголемувањето на пензиите эа пенэионерите, како и на многу други работи, гледале како на непотребен трошок. Треба сега да ги погледнат нивните оэарени лица.
Да им посакаме уште долги години да ги користат нивните эголемени пензии.