6 август 2017, Скопје – На денешната пленарна седница пратениците го усвоија ребалансот на Буџетот за 2017 година.
Со ребалансот, приходите и расходите се намалуваат за 2,9 милијарди денари и се предвидува економски пораст од 2,2 процента на домашниот бруто-производ.
Најголемо кратење има на непродуктивните трошења, на патувања и на реклами и промоции – истакна во своето обраќање министерот за финансии Драган Тевдовски.
Со кратењето на непродуктивните трошења ќе се обезбеди можност за финансирање нови мерки кои значат поддршка за граѓаните или домашните фирми, како што се покачување на минималната плата, решение за стечајците, поддршка за малите и средните претпријатија и земјоделците, укинување на радиодифузната такса и слично.
Ребалансот можете да го преземете на следниот линк.