Акцизите на територијата на Република Македонија се наплаќаат посредно или непосредно за потрошувачка на: минерални масла, алкохол и алкохолни пијалаци, тутунски добра и патнички автомобили. Акцизните добра стануваат подлежни на акциза во три случаи: со нивното производство на територијата во Република Македонија, со нивниот увоз во земјава, и кога добрата се наоѓаат под царински надзор.

Акцизен должник

  • Акцизен должник е она физичко или правно лице, коешто е имател на акцизната дозвола.
  • Акцизен должник во случаите на непостоење на постапка за акцизен долг е производителот на акцизното добро.
  • Доколку гаранција за акцизното добро дал превозникот, царинскиот декларант или сопственикот на добрата, тогаш тие лица претставуваат акцизни должници.
  • Доколку акцизата се уште не настанала, а примателот на доброто го примил на акцизната територија, тогаш доброто се наоѓа во негова надлежност, и тоа лице претставува акцизен должник.
  • Акцизниот период за кој се пресметува и плаќа акцизата е еден календарски месец, во кој настанала акцизата.

Износ на акциза

Акцизата може да биде пропишана во процентуален износ – пропорционална акциза, или во апсолутен износ по единица мерка (килограм, литар, по парче) -специфична акциза. За определени добра (тутунски добра) е пропишана комбинирана акциза (пропорционална и специфична).

Стапки и износи на акциза во Република Македонија

Акцизно добро Акциза
Минерални масла
Моторен бензин:
– со содржина на олово повисока од 0,013г/л 24,396 ден/лит
– безоловен со содржина на олово до 0,013г/л 21,692 ден/лит
Гасно масло:
– како погонско гориво 15,121 ден/лит
– како гориво за греење 6,136 ден/лит
Течен нафтен гас:
– како погонско гориво 4,900 ден/кг
– како гориво за греење 4,900 ден/кг
Керозин:
– како погонско гориво 9,000 ден/лит
– како гориво за греење 1,800 ден/лит
Масло за ложење 0,100 ден/кгр
Нафтен кокс 84,6 ден./ GJ (гигаџул)
Масла за подмачкување:
– минерални масла 7 ден/кгр
– препарати 22 ден/кгр
Алкохол и алкохолни пијалоци
Пиво 4 ден.по литар/степен на алкохол или

1,65 ден.по литар/степен екстракт

Пенливо вино 0 ден/литар
Вино 0 ден/литар
Други пенливи пијалоци 0 ден/литар
Други непенливи пијалоци 0 ден/литар
Меѓупроизводи 340 ден/литар чист алкохол
Етил алкохол 340 ден/литар чист алкохол
Тутунски добра
Пури и цигарилоси

 

 

21,37 ден/по парче и

0% од малопродажна цена

Цигари 1,353 ден/по парче и

9% од малопродажна цена.

Ако комбинираната акциза е под износот од 1,553 денари по парче се применува минималната акциза во тој износ.

Напомена:

Од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,20 денари по парче на 1 јули во секоја година.

Тутун за пушење како фино сецкан тутун 1.500 ден по килограм и

0% од малопродажна цена

Напомена:

Од 1 јули 2014 година заклучно со 1 јули 2023 година, износот на акциза на тутун за пушење како фино сецкан тутун се зголемува за 50 денари по килограм на 1 јули во секоја година.

Тутун за пушење како друг тутун за пушење 1.350 ден по килограм и

0% од малопродажна цена

Патнички автомобили
Вредност на патнички автомобили во евра/над Вредност на патнички автомобили во евра/до Стапки на акциза
0 3.000 0,00%
3.000 4.000 0,50%
4.000 5.000 1,00%
5.000 6.000 1,50%
6.000 8.500 2,00%
8.500 12.000 3,00%
12.000 14.000 4,00%
14.000 16.000 6,00%
16.000 18.000 9,00%
18.000 22.000 11,50%
22.000 25.000 13,50%
25.000 30.000 15,50%
30.000 18,00%

 

Ky lajm është në dispozicion edhe në: Macedonian English

Comments are closed.

Close Search Window