Консултации со јавноста за нацрт – Програмата за економски реформи 2023 – 2025 година

 

ПОВИК ДО ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТРАНИ ЗА КОНСУЛТАЦИИ ЗА НАЦРТ ПРОГРАМАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ 2023 – 2025 ГОДИНА

15.12.2022 година

Ви го претставуваме поглавјето 5 Структурни реформи од нацрт Програмата на економски реформи за 2023 – 2025 година (ПЕР 2023), која Владата на Република Северна Македонија ќе ја достави до Европската комисија до 31 Јануари 2023 година, по усвојување на нејзиниот текст.

Со подготовка на ПЕР, Владата на Република Северна Македонија од 2014 година се приклучи кон пристапот на Европската комисија за поддршка на долгорочен раст и конкурентност преку економското управување како клучен столб во процесот на проширување, со цел да се обезбеди подобро известување за националните планови за економски политики, вклучително и потребните структурни реформи.

Нацрт ПЕР 2023 е подготвена преку веќе воспоставениот национален процес на консултации централно координиран од страна на Министерството за финансии. Документот е изработен согласно „Водичот за Програми за економски реформи“ издаден од Европската комисија во јуни 2022 година. Во изработката е користена експертска поддршка од Центарот за одличност во финансиите (ЦЕФ), а финансиски поддржано од Европската унија.

Со оглед на важноста на овој документ и потребата тој да биде квалитетно изработен, се спроведува процес на широка вклученост на заинтересирани страни. Затоа ги покануваме: бизнис заедницата, универзитетите, локалните власти, социјалните партнери, граѓанскиот сектор и другите чинители и заинтересирани страни за активен придонес во процесот на изработката на документот.

Вашите мислења, коментари и предлози може да ги доставите најдоцна до 29 декември 2022 година на следните е-маил адреси:

jelena.tast@finance.gov.mk

vesna.cvetanova @finance.gov.mk

andrija.aleksoski@finance.gov.mk

aleksandra.velkova@finance.gov.mk

desanka.zdravkovska@finance.gov.mk

 

Нацрт Програма на економски реформи 2023-2025

Ky lajm është në dispozicion edhe në: Macedonian English

Comments are closed.