Како да се воспостави внатрешна ревизија?

 

 Како да се воспостави внатрешна ревизија?

Eдиницата за внатрешна ревизија се основа како одделение со најмалку два внатрешни ревизори, вклучувајќи го и раководителот на одделението за внатрешна ревизија, односно како сектор со најмалку пет внатрешни ревизори, вклучувајќи го и раководителот на секторот за внатрешна ревизија

Кои се критериумите за основање на единица за внатрешна ревизија?

  • најмалку еден внатрешен ревизор и раководител на единицата за внатрешна ревизија, доколку просечниот буџет/финансиски план на субјектот од јавниот сектор во последните три години изнесувал најмалку 50 милиони денари, вклучително и фондовите и програмите финансирани од ЕУ;
  • најмалку три внатрешни ревизори и раководител на единицата за внатрешна ревизија, доколку просечниот буџет/финансиски план на субјектот од јавниот сектор во последните три години изнесувал најмалку 500 милиони денари, вклучително и фондовите и програмите финансирани од ЕУ;
  • најмалку четири внатрешни ревизори и раководител на единицата за внатрешна ревизија, доколку просечниот буџет/финансиски план на субјектот од јавниот сектор во последните три години изнесувал најмалку 2 милијарди денари, вклучително и фондовите и програмите финансирани од ЕУ; и
  • најмалку еден внатрешен ревизор на секои пет единки буџетски корисници.

Минималниот број на вработени во единицата за внатрешна ревизија не ги опфаќа ревизорите на обука.

Ky lajm është në dispozicion edhe në: Macedonian English

Comments are closed.