Состојба на финансиското управување и контрола на централно ниво
2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | |
1. Број на субјекти кои основале единица за финансиски прашања | 14 | 32 | 39 | 46 | 66 | 66 | 71 | 78 | 79 | 79 |
2. Број на назначени раководители на единици за финансиски прашања | 0 | 20 | 30 | 36 | 42 | 45 | 53 | 56 | 58 | 58 |
3. Број на субјекти кои донеле Решение за внатрешна распределба на вкупно одобрениот буџет | 49 | 65 | 73 | 53 | 70 | 71 | 76 | |||
4. Број на субјекти кои донеле Решенија за генерални овластувања | 29 | 51 | 47 | 31 | 44 | 45 | 50 | |||
5. Број на субјекти кои назначиле лице за пријавување на неправилности | 31 | 44 | 56 | 59 | 61 | 64 | 76 | 81 | 81 | 80 |
6. Број на субјекти кои донеле годишни планови за развој на финансиското управување и контрола
|
44 | 42 | 21 | 19 | ||||||
7. Број на субјекти кои донеле Стратегија за управување со ризици | 42 | 63 | 63 | 64 | ||||||
8. Број на субјекти кои донеле регистар на ризици | 36 | 48 | 50 | 50 | ||||||
9. Број на субјекти кои донеле интерен акт /процедура/правилник за начинот на спроведување на ФУК | 31 | 40 | 42 | 42 |
Состојба на финансиското управување и контрола на централно ниво за 2019 година
јануари
2019 |
јули
2019 |
јули 2019 % |
|
1. Број на субјекти кои основале единица за финансиски прашања | 79 | 79 | 84,04 |
2. Број на назначени раководители на единици за финансиски прашања | 58 | 58 | 61,70 |
3. Број на субјекти кои донеле Решение за внатрешна распределба на вкупно одобрениот буџет | 40 | 75 | 79,78 |
4. Број на субјекти кои донеле Решенија за генерални овластувања | 25 | 53 | 56,38 |
5. Број на субјекти кои назначиле лице за пријавување на неправилности | 80 | 80 | 85,11 |
6. Број на субјекти кои донеле годишни планови за развој на финансиското управување и контрола | 2 | 22 | 23,40 |
7. Број на субјекти кои донеле Стратегија за управување со ризици | 64 | 65 | 69,15 |
8. Број на субјекти кои донеле регистар на ризици | 50 | 51 | 54,26 |
9. Број на субјекти кои донеле интерен акт /процедура/правилник за начинот на спроведување на ФУК | 42 | 43 | 45,74 |
Состојба на финансиското управување и контрола на локално ниво
2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | |
1. Број на субјекти кои основале единица за финансиски прашања | 1 | 14 | 27 | 39 | 40 | 46 | 58 | 62 | 62 | 62 |
2. Број на назначени раководители на единици за финансиски прашања | 0 | 10 | 22 | 33 | 35 | 38 | 44 | 45 | 45 | 45 |
3. Број на субјекти кои донеле Решение за внатрешна распределба на вкупно одобрениот буџет | 55 | 63 | 65 | 53 | 56 | 57 | 55 | |||
4. Број на субјекти кои донеле Решенија за генерални овластувања | 19 | 32 | 32 | 33 | 37 | 35 | 30 | |||
5. Број на институции кои назначиле лице за пријавување на неправилности | 34 | 49 | 55 | 58 | 58 | 59 | 66 | 66 | 66 | 66 |
6. Број на субјекти кои донеле годишни планови за развој на финансиското управување и контрола | 38 | 31 | 10 | 12 | ||||||
7. Број на субјекти кои донеле Стратегија за управување со ризици |
22 | 32 | 34 | 35 | ||||||
8. Број на субјекти кои донеле Регистар на ризици | 16 | 26 | 28 | 29 | ||||||
9. Број на субјекти кои донеле интерен акт/процедура/правилник за начинот на спроведување на ФУК | 20 | 25 | 25 | 25 |
Состојба на финансиското управување и контрола на локално ниво за 2019 година
јануари
2019 |
јули
2019 |
јули 2019 % |
|
1. Број на субјекти кои основале единица за финансиски прашања | 62 | 62 | 76,54 |
2. Број на назначени раководители на единици за финансиски прашања | 45 | 46 | 56,79 |
3. Број на субјекти кои донеле Решение за внатрешна распределба на вкупно одобрениот буџет | 56 | 56 | 69,13 |
4. Број на субјекти кои донеле Решенија за генерални овластувања | 31 | 31 | 38,27 |
5. Број на институции кои назначиле лице за пријавување на неправилности | 66 | 66 | 81,48 |
6. Број на субјекти кои донеле годишни планови за развој на финансиското управување и контрола | 4 | 12 | 14,81 |
7. Број на субјекти кои донеле Стратегија за управување со ризици | 35 | 35 | 43,21 |
8. Број на субјекти кои донеле Регистар на ризици | 29 | 30 | 37,04 |
9. Број на субјекти кои донеле интерен акт/процедура/правилник за начинот на спроведување на ФУК | 25 | 25 | 30,86 |
Насоки за воспоставување на финансиско управување и контрола
Процесот на зајакнување на финансиската контрола во Република Македонија е отпочнат и се спроведува преку развој и примена на принципите на децентрализирана одговорност на раководството и воспоставување на функционално независна внатрешна ревизија, односно развој на сите три компоненти на јавната внатрешна финансиска контрола (финансиско управивање и контрола, внатрешната ревизија и нивното хармонизирање) . Целта на овој процес е изградба на систем кој ќе гарантира разумно користење на јавните средства.
Финансиското управување и контрола е систем на политики, процедури и активности воспоставени од раководителот на субјектот, со цел да се обезбеди разумно уверување дека целите на субјектот се остварени. Финансиското управување и контрола претставува и збир на одговорности на раководителот на субјектот да воспостави и имплементира процедури за постигнување целосна контрола во работењето врз основа на принципот на стабилно финансиско уптравување и контрола.
Стабилно финансико управување и контрола е транспарентно, регуларно, економично, ефикасно и ефективно користење на расположивите средства.
Финансиското управување и контрола ги опфаќа финансиските процеси на:
- планирање
- извршување
- мониторинг и
- известување за :
- прибирањето на приходите утврдени во буџетот
- управувањето и контролата за извршување на расходите одобрени во буџетот и
- заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состјба
Финансиското управување и контрола треба да се спроведува во сите организациони единици и на сите нивоа на субјектот и ги опфаќа сите средства на субјектот, вклучувајчи ги средствата од Европската Унија и од други извори.
Целта на финансиското управување и контрола е постигнување на следните општи цели на субјектот :
- вршење на работите на правилен, етичен, економичен, ефективен и ефикасен аначин;
- усогласување на работењето со законите, другите прописи, утврдената политика, плановите и постапките;
- заштита на имотот и другите ресурси од загуби предизвикани од лошо управување неоправдано трошење и користење, како и од неправилности и злоупотреби;
- јакнење на одговорноста за успешно остварување на задачите;
- правилно евидентирање на финансиските трансакции; и
- навремено финансиско известување и следење на резултатите од работењето.
Раководителот на субјектот е одговорен и отчетен за:
- подготвувањето на буџетот, извршување на буџетот и известување за буџетот на субјектот со кој раководи;
- финансиското управување и контрола и внатрешната ревизија во сите организациони структури, програми, операции и процеси, раководени од него;
- контрола на водење на сметководството, преземање на финансиски обврски и извршување на плаќањата, прибирање на приходите и заштита на средствата и обврските;
- постојана проценка на системот за финансиско управување и контрола;
- одредување и остварување на целите на субјектот и изготвување и реализација на стратешките и други планови како и програми за остварување на општите и посебните цели на субјектот;
- воспоставување организациска структура и процедури за работа со кои ќе се обезбеди функционирање, следење и развој на стабилно финансиско управување и контрола;
- воспоставување на линија на известување во согласност со пренесените овластувања и одговорности;
- компетентност на сите вработени за извршување на задачите во согласност со финансиското управување и контрола;
- управување со ризиците и воведување соодветни и ефикасни внатрешни контроли.
Раководителот на субјектот е отчетен за постигнување на целите на субјектот од јавниот сектор преку управување со јавните средства на законски, економичен, ефикасен и ефективен начин.
Активности за воспоставување на финансиско управување и контрола
Сите буџетски корисници, независно од големината, износот на средствата со кои располагаат или бројот на вработени се должни да воспостават систем за финансиско управување и контрола (FMC). Тие се должни да ги пропишат правилата на работа и постапки, односно да преземат мерки со кои ќе добијат разумно уверување дека буџетските средства се користат законски и правилно, но и економично, ефикасно и ефективно. Воспоставување на системот на Финансиско управување и контрола е долготраен и сложен процес бидејќи не постојат унифицирани организациски решенија кои би биле применливи за сите буџетски корисници. Тие зависат од големината и специфичноста на буџетскиот корисник, процесите во организацијата, ризиците и други елементи.
За воспоставување на финансиско управување и контрола би требало да се преземат следниве активности:
- Именување на раководител за Финансиско управување и контрола
- Донесување на одлука за потреба од именување на координатор за Финансиско управување и контрола,
- Основање на работна група која ќе се бави со прашањата за воспоставување на Финансиско управување и контрола,
- Донесување на план за воспоставување на Финансиско управување и контрола
- Изготвување на Изјава за мисијата, визијата и клучните цели на буџетскиот корисник,
- Попишување на главните работни процеси (подпроцеси) и утврдување на активности,
- Изготвување на Мапи на работни процеси – опишување на работните процеси, изготвување на дијаграм на текови, утврдување на ризиците на ниво на активности, нивна проценка и рангирање, одлучување за одговор на ризиците воспоставување на контрола,
- Составување на книга (мапа) на процеси – попис и опис на сите работни процеси кои обезбедуваат целосна слика за начинот на работење на организацијата,
- Проценка на компонентите за внатрешна контрола (Прашалник за самопроценка),
- Составување на преглед на воспоставените контроли,
- Анализирање на постојните и потребните контроли, како и одлучување за потребните ex – ante контроли и ex – post финансиски контролори,
- Донесување на Акционен план отстранување на слабостите на внатрешнитe контроли,
- Следење на остварување на планот и
- Изготвување на Годишен извештај за воспоставеното финансиско управување и контрола
Основање на единица за финансиски прашања
Раководителот на субјектот основа посебна организациона единица за финансиски прашања како сектор или одделение, чиј раководител директно одговара на раководителот на субјектот и највисокиот раководен државен службеник. Единицата за финансиски прашања е надлежна за вршење на работите од областа на финансиското управување и контрола. Организација и опис на работните места во Секторот за финансиски прашања
Надлежности на раководителот на единицата за финансиски прашања
Раководителот на единицата за финансиски прашања спроведува надзор и го советува раководството на субјектот, особено за:
- контрола на буџетот (контрола на подготовката и извршувањето на буџетот);
- еx ante финансиска контрола;
- контрола на извршувањето на утврдените политики и оперативното управување (надзор над целокупниот процес на внатрешното управување и контрола) ;
- сметководството и
- буџетското и финансиското известување.
Раководителот на единицата за финансиски прашања:
- го координира процесот за подготвување и изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план на субјектот;
- го координира процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола;
- го координира процесот на сметководствено евидентирање за извршување на буџетот и подготвувањето на годишна сметка и Годишниот финансиски извештај од член 47 од законот;
- задолжително дава мислења по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во субјектот и предлог актите на други субјекти кои имаат или може да имаат финансиски импликации за буџетот на субјектот;
- спроведува ex ante и ex post финансиска контрола и
- спроведува заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба.