Утре, 28 мај 2019, пред платото на Министерството за финансии ќе се одржи настан по повод Денови на финансиска писменост. Во рамки на настанот, министерот за финансии, гувернерката на Народната банка и претседателите на КХВ, АСО и МАПАС ќе направат куса обиколка на штандовите кои се наоѓаат пред МФ, по што ќе следат изјави.
11:00 – Oбиколка од Министер за финансии Драган Тевдовски, гувернер на НБРСМ Анита Ангеловска Бежоска, претседател на Комисија за хартии од вредност Нора Алити, претседателот на МАПАС, претседателот на Советот на експерти на Агенција за супервизија на осигурувањето Климе Поповски, претседателот на Советот на ескперти на МАПАС, Максуд Али.
11:30 – Изјави