Внатрешна ревизија се извршува врз основа на:
- Насоки за подготовка на стратешки и годишен план на внатрешната ревизија
- Методологија за стратешко и годишно планирање на внатрешната ревизијата
- Проценка на ризиците во планирањето на ревизијата
- Преглед на високи ризици рангирани согласно извршената проценка на ризиците во планирањето на ревизијата – Ревизориски универзум
Стратешкиот и годишниот план за извршување на внатрешна ревизија ги донесува раководителот на единицата за внатрешна ревизија по добиена согласност од раководителот на субјектот од јавниот сектор врз основа на извршената проценка на ризиците.
Раководителот на единицата за внатрешна ревизија за секоја поединечна ревизија одобрува план и програма со која поконкретно се опишуваат ревизорските постапки. Раководителот на единицата за внатрешна ревизија најдоцна до 15 декември во тековната година ги доставува стратешкиот план за наредните три години и годишниот план за ревизија за наредната година до Централната единица за хармонизација и до раководителите во организационите единици на субјектите од јавниот сектор опфатени со годишниот план.
Годишниот план за ревизија може да се измени доколку дојде до значителна промена на проценетиот ризик или планираните ресурси при изготвување на годишниот план. За измената на годишниот план раководителот на единицата за внатрешна ревизија ја известува Централната единица за хармонизација.
Годишниот план за ревизија треба да биде изготвен врз основа на стратешкиот план за внатрешна ревизија и истиот се изготвува врз основа на проценка на ризикот и списокот на системи и процеси издвоени при проценката на ризикот за тригодишна перспектива, земајќи ги во предвид:
- целите на субјектот;
- меѓународните стандарди за внатрешна ревизија;
- расположливите и потенцијални ресурси на единицата за внатрешна ревизија за период од една година;
- потребно време за изготвување на ревизорските извештаи и
- потребно време за изготвување на годишните извештаи.
Годишниот план за ревизија треба да ги содржи следниве елементи:
- список на системи и процеси планирани за ревизија;
- јасни, остварливи и мерливи цели за секоја ревизија; и
- можни показатели во смисла на временска рамка, расположливи ресурси и евентуално ангажирање на надворешни експерти.
Ангажирањето на надворешни експерти се предвидува за извршување на одредени видови на внатрешна ревизија имајќи го предвид обемот, комплексноста, потребните квалификации или расположливост на внатрешни ресурси. Буџетот се планира во согласност со потребата за ангажирање на надворешни експерти.
Доколку во текот на годината дојде до значителна промена во рамките на проценетиот ризик или планираните ресурси и истите се одобрени од раководителот на субјектот, може да се изврши измена на Годишниот план за ревизија, но за тоа треба да се извести Министерството за финансии – Секторот за јавна внатрешна финансиска контрола.
Раководителот на единицата за внатрешната ревизија писмено ги известува организационите единици, кои се предмет на ревизија, за делот од планот кој се однесува на нив.