Учесниците во изборната кампања за Претседателските избори 2019 година имаат обврска да поднесат финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања на образецот даден во прилог. Роковите за доставување на финансиските извештаи и институциите до кои извештаите се доставуваат се утврдени во членовите 84-б ставови (1), (2) ,(3) и (6) и 85 ставови (1) и (3) од Изборниот законик.