Придонеси од задолжително социјално осигурување

Средствата од придонесите се јавни давачки над кои контрола врши Министерството за финансии, а на располагање се на институциите за задолжително социјално осигурување, основани со закони кои го уредуваат системот на задолжително социјално осигурување, за намени утврдени во согласност со тие закони.

Во задолжително социјално осигурување спаѓаат придонесите за:

1. пензиско и инвалидско осигурување врз основа на тековна исплата;

2. задолжително капитално финансирано пензиско осигурување;

3. стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење;

4. здравствено осигурување и

5. осигурување во случај на невработеност.

Обврзник за плаќање на придонеси е осигуреникот во чие име и за чија сметка се плаќаат придонесите, а обврзник за пресметка и уплата на придонесите е работодавач, самовработено лице, индивидуален земјоделец, верско службено лице, државна институција, орган или организатор кој има обврска на товар и за сметка на обврзникот за плаќање на придонеси да ги пресмета, задржи и уплати придонесите;

Стапки по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите се:

  • 18% за задолжително пензиско и инвалидско осигурување;
  • 4% стапка на придонес за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или професионална болест;
  • 7,3% за задолжително здравствено осигурување;
  • 13% за задолжително здравствено осигурување за обврзникот корисник на домашна и/или странска пензија кој придонесот го плаќа на износот на пензијата;
  • 0,5% стапка на дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување и
  • 1,2% за задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност.

Оваа вест е достапна и на: Macedonian Albanian

Comments are closed.