Политика на приватност
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Министерството за финансии, со седиште на ул. Даме Груев 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
- Посетители на нашата интернет страна www.finance.gov.mk Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња. (линк).
- Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Категории на податоци кои се обработуваат
- Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на МФ;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.
- Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Личните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите надлежности утврдени согласно со закон.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
- преку нашиот email: finance@finance.gov.mk
- преку пошта.
Категориите на корисници на лични податоци
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
- во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Министерството за финансии ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Министерството за финансии и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
- По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Министерството за финансии.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашите офицери за заштита на лични податоци чии податоци се објавени на следниот линк
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност ќе се менува соодветно со промените на активностите во МФ.