Управата за јавни приходи за првпат во 2009 година во ноември оствари повеќе приходи во однос на истиот период од минатата година, информира министерот за финансии Зоран Ставрески по средбата со директорот на УЈП Горан Трајковски.

&nbsp

Тој посочи дека на средбата во Управата било констатирано дека во ноември се бележи тренд на подобрување на наплатата на приходите.

&nbsp

– Тоа покажува дека постепено се случува заздравување на македонската економија и оти има подобрување во ефикасноста на УЈП во делот на наплатата на приходите. Владата и јас како министер за финанасии остануваме посветени на натамошното подобрување на перформанските и настојувањата преку ефикасна наплата на приходите да се обезбедат планираните средствата во Буџетот за оваа и за следните години, рече Ставрески.

&nbsp

Прашан дали зголемувањето на наплатата на приходите во ноември се должи на присилната наплата од блокираните 5.600 фирми, Ставрески рече дека како министер за финансии стои целосно зад активностите на УЈП за наплата на приходите.

&nbsp

– Наплатата на приходите и на даноците е составен дел на работата на институциите на државата, бидејќи ненаплатата значи дека некои други фирми би биле фаворизирани во однос на редовните плаќачи. Некаде мора да се повлече линија и да се штитат доверителите, а не само должниците кои претставуваат нелојална конкуренција, рече Ставрески, нагласувајќи дека фирмите добиле поволности преку репрограмирање на долговите и отпис на каматите да ги подмират своите обврски.

&nbsp

Ставрески прецизира дека се уште е рано да се прогнозира дали ќе се реализираат зацртаните приходи во последниот ребаланс на Буџетот за 2009 година.

&nbsp

– Работите се менуваат од месец во месец. Да почекаме да помине ноември, па потоа ќе можеме попрецизно да одговориме дали ќе се реализира зацртаното во Буџетот, рече Ставрески.(МИА)

Comments are closed.