Првата Конечна приоритетна листа на предлог проектите за јавни инвестиции е одобрена на 188-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 7 јули 2026 година.
Првата Конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции на Владата на Република Северна Македонија е подготвена согласно членот 25 од Уредбата за управување со јавни инвестиции („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 78/25, 121/26) и се состои од предлог проектни идеи подготвени и проверени согласно членовите 8 и 9 од Уредбата, а оценети и одобрени согласно членот 11 од Уредбата.
Конечната приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции дава основа за донесување на одлуки за буџетот на државата, односно за инвестициските програми на јавните субјекти. Буџетските корисници и јавните субјекти кои не се буџетски корисници треба своето идно инвестициско планирање да го усогласуваат со оваа листа.
Прва Конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции
Процес на управување со јавни инвестиции: Едукативно видео за предлагачите на капитални проекти
Со ова едукативно видео, Министерството за финансии настојува да придонесе кон поголема информираност, транспарентност и поефикасна подготовка и спроведување на јавните инвестиции во Република Северна Македонија.