EN
MK
AL

Нема резултати

 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Најчести прашања и одговори

Листа на најчести поставувани прашања:

 

Финансиското управување и контрола е систем на политики, процедури и активности воспоставени од раководителот на субјектот, со цел да се обезбеди разумно уверување дека целите на субјектот се остварени.

Стабилно финансиско управување и контрола е транспарентно, регуларно, економично, ефикасно и ефективно користење на расположивите средства.

Финансиското управување и контрола ги опфаќа финансиските процеси на планирање, извршување, мониторинг и известување за: прибирањето на приходите утврдени во буџетот, управувањето и контролата за извршување на расходите одобрени во буџетот и заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба.

Финансиското управување и контрола треба да се спроведува во сите организациони единици и на сите нивоа на субјектот и ги опфаќа сите средства на субјектот, вклучувајќи ги средствата од Европската унија и од други извори.

 

Цел на финансиското управување и контрола е подобрување на финансиското управување заради постигнување на следните општи цели:

– вршење на работите на правилен, етичен, економичен, ефективен и ефикасен начин;

– усогласување на работењето со законите, другите прописи, утврдената политика, плановите и постапките;

– заштита на имотот и другите ресурси од загуби предизвикани од лошо управување, неоправдано трошење и користење, како и од неправилности и злоупотреби

– јакнење на одговорноста за успешно остварување на задачите

– правилно евидентирање на финансиските трансакции; и

– навремено финансиско известување и следење на резилтатите од работењето.

Раководителот на субјектот е одговорен и отчетен за:

– подготвување, извршување и известување за буџетот на субјектот со кој раководи;

– постојана проценка на системот за финансиско управување и контрола;

– одредување и остварување на целите н асубјектот и изготвување и реализација на стратешките и други планови, како и програми за остварување на општите и посебните цели на субјектот;

– воспоставување на организациска структура и процедури за работа со кои ќе се обезбеди функционирање, следење и развој на стабилно финансиско управување и контрола; и

– управување со ризиците и воведување на соодветни и ефикасни внатрешни контроли.

Внатрешната ревизија проверува како е воспоставен и како функционира системот на финансиско управување и контрола и дава препораки за негово подобрување. Препораките од внатрешната ревизија се вградуваат во системот на финансиско управување и контрола со што тој систем постојано се подобрува. Тоа значи тие имаат иста цел – обезбедување на законито и правилно, односно ефективно, економично и ефикасно користење на сите јавни средства.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност