EN
MK
AL

Нема резултати

 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Фази на внатрешна ревизија и Повелба за внатрешна ревизија

Планирање на внатрешната ревизија

За секоја поединечна ревизија ревизорскиот тим/внатрешниот ревизор изготвува план за ревизија.

Издавање на писмо за овластување

– На внатрешниот ревизор за секоја ревизија му се издава писмо за овластување потпишано од раководителот на единицата за внатрешна ревизија;
– Писмото за овластување на раководителот на единицата за внатрешна ревизија го потпишува раководителот на субјектот;
– Писмото за овластување на надворешни експерти за спроведување на внатрешната ревизија ангажирани од раководителот на субјектот го потпишува раководителот на единицата за внатрешна ревизија.

Прелиминарно истражување

– испраќање писмо до организационите единици кои се опфатени со системите
и процесите кои се предмет на ревизија со кое ги бара потребните информации за
подготвување на ревизијата;
-организирање и одржување на првичен состанок со раководителите на ревидираните организациони единици ;
– на првичниот состанок се дава копија од Повелбата за внатрешна ревизија на сите лица присутни на состанокот.

Изготвување на ревизорска програма за секоја поединечна ревизија

– Раководителот на единицата за внатрешна ревизија или внатрешниот ревизор назначен од него, изготвува програма за секоја ревизија и ги назначува внатрешните ревизори за соодветната ревизија;

Работа на терен

-Теренската работа опфаќа објективно собирање на докази кои ја потврдуваат стручната проценка на системите и процесите кои се предмет на ревизија и извршување на ревизорската програма за да се постигне целта на ревизијата,
– ревизорскиот тим/внатрешните ревизори при работењето на терен ги применуваат следните ревизорски методи кои, се во согласност со меѓународните стандарди и признаените најдобри професионални практики: надгледување, потврдување,верификување,истражување,анализа и евалуација.

Изготвување на извештај за внатрешна ревизија

– Изготвувањето на ревизорскиот извештај опфаќа три фази:
привремен извештај – претставува прва верзија на извештајот за внатрешна ревизија кој се презентира пред ревидираниот субјект на заклучниот состанок, со цел да се постигне согласност за наодите и да се прифатат препораките од ревизијата;
претходен извештај – претставува прва официјална верзија на извештајот за внатрешната ревизија, вклучувајќи ги резултатите од заклучниот состанок, како и комплетираното извршно резиме и
конечен извештај – претставува конечна верзија на извршното резиме, нацрт извештајот изменет во согласност со прифатливите коментари на ревидираниот субјект, одговорот од ревидираниот субјект и конечниот распоред за спроведување на препораките кој се испраќа до раководителот на субјектот и до раководителите на ревидираните организациони единици.

 

Povelba_za_vnatresna_revizija.doc

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност