Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Институционална мрежа за заштита на финансиските интереси на Европската Унија во РСМ (АФКОС мрежа)

АФКОС мрежата ги опфаќа институциите кои согласно закон се надлежни за борба против неправилности, измами, корупција или друга форма на незаконски активности. Мрежата е составена од претседател, заменик претседател, 14 члена и нивни заменици.

АФКОС мрежата е составена од следните институции:

– Министерството за финансии, како координатор на АФКОС мрежата;
– Јавното обвинителство на Република Северна Македонија;
– Министерството за финансии – Управата за финансиска полиција;
– Министерството за финансии – Управата за јавни приходи;
– Министерството за финансии – Царинската управа;
– Министерството за  финансии – Управата за финансиско разузнавање;
– Државната комисија за спречување на корупцијата;
– Министерството за правда;
– Министерството за внатрешни работи;
– Државното правобранителство на Република Северна Македонија;
– Министерството за европски прашања;
– Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија;
– Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош и
– Државниот завод за ревизија.

АФКОС мрежата ги врши следните работи:

– учествува во изготвување, спроведување, следење и известување за имплементацијата на Националната стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Република Северна Македонија и Акцискиот план за имплементација на Стратегијата;

– разменува податоци и дава стручна поддршка на структурите и органите во системот за управување и контрола со средствата од Европската Унија, АФКОС одделението и ОЛАФ;

– дава предлози и препораки за подобрување на законската рамка од областа за заштита на финансиските интереси на Европската Унија;

– дава предлози и учествува во спроведувањето на ефективни и пропорционални мерки против измама, согласно резултатите од проценка на ризикот од измама;

– разгледува случаи за неправилности, по барање на структурите и органите во системот за управување и контрола со средствата од Европската Унија и/или АФКОС одделението и по потреба обезбедува стручно мислење и поддршка за справување со случаите за неправилности;

– дава предлози за обуки и учествува во реализација на програми за обуки во согласност со потребите на институциите вклучени во системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија;

– обезбедува потребни информации за подготовка на Годишниот извештај за работа на Системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија, кој се доставува до Владата на Република Северна Македонија и

– разгледува, дава предлози, мислења и стручни образложенија во врска со други прашања за спречување на неправилности и измами за заштита на финансиските интереси на Европската Унија.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај