EN
MK
AL

Нема резултати

 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска: Системска борба со криминалот и корупцијата за обезбедување сигурност за граѓаните и бизнисот

Димитриеска-Кочоска: Системска борба со криминалот и корупцијата за обезбедување сигурност за граѓаните и бизнисот

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска се обрати на Конференцијата на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за борба против ширење на мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во ЈИЕ во организација на ОБСЕ, од каде упати порака за системска борба со криминалот и корупцијата.

„Врвен приоритет во програмата на Владата за 2024-2028 година е владеење на правото и борбата против корупцијата, криминалот и нелегалната трговија. Приоритет е да создадеме сигурна средина за живот на граѓаните, сигурна средина за бизнис делување, еднаквост пред законите и во остварување на тој приоритет сме одлучи и со силен фокус преку системска борба со криминалот и корупцијата. Институциите се исправени пред предизвикот и верувам дека со целата професионалност што ја поседуваат ќе одговорат на високо ниво на задачата“, рече министерката Димитриеска-Кочоска, на отворањето на Конференцијата.
Во овој контекст посочи на улогата на Царинската управа, како институција којашто е под ингеренции на Министерството за финансии и која е клучна алка во сузбивањето на криминалот и нелегалната трговија. При тоа посочи на позитивните резултатите во работењето на Царината и во делот на прибирање на приходите и во откривање на случаи на нелегална трговија, како и на  важноста од размена на информации помеѓу институциите.

Конференцијата се организира во рамки на Проектот за поддршка на институциите во земјава за намалување на ризикот од ширење и злоупотреба на мало и лесно оружје, е со цел да се зајакне меѓународната соработка во борбата против организираниот и меѓународниот криминал.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност