Нема резултати
Внатрешна ревизија е независна активност на давање објективно уверување и совет, воспоставена со цел да придонесе за зголемување на вредноста и подобрување на работењето на субјектот. Таа помага субјектот да ги исполни своите цели, применувајќи систематски, дисциплиниран пристап за процена и подобрување на ефективноста во процесите на управување со ризикот, контролата и управувањето.
Внатрешната ревизија како активност во јавниот сектор во Република Македонија започнува во 2000 година кога е формирана единицата за внатрешна ревизија во Министерството за финансии (цeнтрализиран модел). Во 2004 година започнува воспоставувањето на единици за внатрешна ревизија кај институциите од јавниот сектор (децентрализиран модел). Поради потребата од развој и поддршка на внатрешната ревизија во Република Македонија во април 2004 година во Министерството за финансии се формира Сектор за централна внатрешна ревизија со две одделенија кој во декември 2006 година се трансформира во Сектор за јавна внатрешна финансиска контрола со четири одделенија.
Внатрешна ревизија спроведуваат единиците за внатрешна ревизија во субјектите од јавниот сектор.
Единицата за внатрешна ревизија спроведува внатрешна ревизија во:
Единицата за внатрешна ревизија, во субјектот кој е одговорен за управување со меѓуресорските програми/проекти, ја координира работата на единиците за внатрешна ревизија на субјектите од јавниот сектор кои учествуваат во спроведувањето на програмите/проектите.
Единица за внатрешна ревизија задолжително се основа во: Собранието на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија, министерствата, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Агенцијата за државни патишта на Република Македонија, Агенција за вработување на Република Македонија и Агенцијата за државни службеници. Исто така, единица за внатрешна ревизија задолжително се основа и во сите субјекти од јавниот сектор чиј просечен годишен буџет/финансиски план во последните три години го надминува износот од 50 милиони денари.
Субјектот од јавниот сектор, чиј просечен годишен буџет/финансиски план во последните три години не го надминува износот од 50 милиони денари, немаат обврска да основаат единица за внатрешна ревизија, но внатрешна ревизија задолжително организираат со ангажирање на:
Раководителот на единицата за внатрешна ревизија е надлежен директно да го известува раководителот на субјектот од јавниот сектор за сите ревизорски прашања кај субјектот од јавниот сектор, а особено за:
Раководителот на единицата за внатрешна ревизија дава мислења за внатрешните правила и акти на субјектот од јавниот сектор во врска со прашања поврзани со внатрешната финансиска контрола и внатрешната ревизија пред овие правила и акти да влезат во сила.
Раководителот на единицата за внатрешна ревизија ги советува сите раководни лица во субјектот од јавниот сектор за управувањето со ризик.
Буџетски трошоци во изборен период
Предизборен финансиски извештај