Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Меѓународни финансиски односи

Секторот за меѓународни финансиски односи ги врши работите што се однесуваат на: планирање, спроведување (техничка подготовка) и следење на ИПА проектите за потсекторот управување со јавни финансии, чиј корисник е Министерството за финансии; подготовка, следење и известување за спроведување на Програмата за реформа на управување со јавни финансии и годишните акциски планови и други стратешки документи поврзани со користење на ИПА средства за потсекторот управување со јавни финансии; координација на подготовката и следење на реализацијата на мерките и активностите од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), кои се во надлежност на Министерството за финансии и активности поврзани со исполнување на обврските од процесот на европска интеграција; процес на преговори и подготовка на целокупната потребна документација за склучување на договори за заем и меморандуми за соработка по однос на финансиските инструменти од ЕУ; го координира, следи и известува за спроведувањето на реформите од Реформската агенда во надлежност на Министерство за финансии; подготвува барање за исплата на средства од финансиските инструменти од ЕУ; работи кои се однесуваат на соработката со меѓународни, билатерални и европски финансиски институции и Европската унија (ЕУ), односно комуникација и координација со овие институции околу активностите потребни за подготовка и реализација на проектите финансирани со странски заеми и грантови/донации, подготвување и организирање на сите фази од постапката на склучување на договорите за заем и договорите за гаранција, следење на реализацијата на склучените договори за заеми, договори за гаранции, како и договори за инвестициски грантови од Економско инвестицискиот план за Западен Балкан преку Инвестициската рамка за Западен Балкан или националното ИПА програмирање, наменети за ко-финансирање на одделните проекти, предлагање на активности и мерки за надминување на проблемите кои се јавуваат при подготовката и имплементацијата на проектите финансирани со странски заеми и грантови/донации, како и подготoвка на проекции за повлекување на средства од заемите доделени од мултилатералните финансиски институции доделени за финансирање на одделни проекти и буџетска поддршка .

 

 

 

Клучни контакти:

Раководител на сектор

 

Ленче Божиноска

телефон: ++389 2 3255 420

е-пошта: lence.bozinoska@finance.gov.mk

 

 

 

Помошници раководители на секторот од областа на меѓународните финансиски односи и Европска Унија

 

Кристина Павловска

телефон: ++389 2 3255 413

е-пошта: kristina.pavlovska@finance.gov.mk

 

 

 

Одделенија

Раководител на одделение за ИПА и НПАА

 

Тања Колева

телефон: ++389 2 3255 417

е-пошта: tаnjа.boskovа@finаnce.gov.mk

 

 

 

Раководител на одделение за мултилатерална финансиска соработка

 

Драгана Филиповска

телефон: ++389 2 3255 419

е-пошта: dragana.micevska@finance.gov.mk

 

Одделение за координација на странска помош и реформи

Елена Велјаноска

Телефон: ++ 389 2 3255 414

е-пошта: elena.ristovska-veljanoska@finance.gov.mk

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност