Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државен секретар

Д-р Андриана Матлиоска

Д-р Андриана Матлиоска

Државен секретар во Министерство за финансии на Република Северна Македонија

Државен секретар во министерство за финансии

 

Д-р Андриана Матлиоска е државен секретар во Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Повеќе од една деценија нејзиното професионално искуство се протега во областа на јавните финансии, банкарството, усогласеноста со регулатива и корпоративното управување.

Кариерата ја започнува во Министерството за финансии, на почетокот на 2015 година, каде што извршува повеќе одговорни позиции поврзани со координирање на процеси со областа на финансискиот сектор, следење на финансиското работење на јавните претпријатија, трговските друштва и агенции, буџетските процеси и креирањето политики. Во периодот 2021 – 2024 година ја извршува функцијата одговорно лице за контрола на усогласеност со прописи, а едновремено е одговорна за вршење на функциите офицер за заштита на лични податоци и одговорно лице за FATCA во една од македонските банки, каде што беше задолжена за регулаторна усогласеност, управување со ризик од неусогласеност и имплементација на меѓународни финансиски стандарди. Во 2024 година се враќа во Министерството за финансии како посебен советник на министерот, а наскоро потоа е именувана за државен секретар.

Матлиоска е доктор на правни науки со специјализација во трговско и трудово право и е магистер по деловно право и сертифициран специјалист за корпоративно управување и усогласеност со прописи според европските стандарди за квалитет во стручното образование и обука.

Активен член е на повеќе национални комисии и комитети во областа на финансискиот систем и стабилност, спречувањето перење пари, управувањето со јавните финансии и антикорупцијата. Учествувала на бројни меѓународни конференции и форуми организирани од страна на Светската банка, ММФ, ОЕЦД и Европската Унија, придонесувајќи за јакнење на финансиското управување и меѓународната соработка.

Со академска стручност и обемно практично искуство во финансискиот сектор, д-р Матлиоска обезбедува транспарентност и отчетност и воедно промовира одржлив финансиски развој во Република Северна Македонија.

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност