EN
MK
AL

Нема резултати

 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Координациско тело за финансиска едукација и финансиска инклузија

Во 2013 година е формирано Координациското тело на регулаторните
институции за финансиска едукација заради зајакнување на соработката помеѓу регулаторните институции во областа на финансиската едукација.

 

Во Координациското тело членуваат: Народната банка на Република Северна
Македонија (НБРСМ), Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Комисијата за хартии од вредност (КХВ) и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Во 2019 година телото ги зголеми своите надлежности и во областа на финансиската инклузија и се преименува во Координациско тело за финансиска едукација и финансиска инклузија. Во овој период се преземени голем број иницијативи за подигање на нивото на финансиската писменост на населението и поголема финансиска инклузија во земјата. Активностите се насочени кон следниве области:
      – Поттикнување на соработката помеѓу институциите коишто се дел од
Координациското тело и соработката со други релевантни институции преку
спроведување едукативни програми и активности за поддршка и подобрување на финансиската писменост кај населението;
     – Соработка во заеднички проекти за финансиска едукација и инклузија;
     – Изработка на стратешки документи;
     – Мерење на нивото на финансиска писменост и финансиска инклузија на
населението;
      – Спроведување работни сесии, семинари, предавања и други јавни настани;
     – Промоција на регионалната и меѓународната соработка.

 

Постојат неколку заеднички активности за финансиска едукација и инклузија
коишто се координираат од страна на институциите на Координациското тело, секоја година во даден временски период, како што се: „Глобалната недела на парите“ во март, „Деновите на финансиската писменост“ во мај, одбележувањето на меѓународниот Ден на штедењето на 31 октомври и на Денот на осигурувањето на 1 ноември. 

 

Материјали:

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност