Секторот Академија за јавни финансии е надлежен за обезбедување континуирана едукација, стручно усовршување и развој на вработените во јавниот сектор во областа на управувањето со јавните финансии. Едукативните активности се реализираат преку планирање, организација и спроведување на обуки, испити и стручни настани, во согласност со важечката законска регулатива во надлежност на Министерството за финансии, како и преку воспоставена соработка со национални и меѓународни институции и организации.
Основна цел на Секторот е унапредување на знаењата, вештините и професионалните компетенции на вработените во јавниот сектор, преку развој и имплементација на современи, квалитетни и релевантни програми за обука, усогласени со стратешките приоритети и реалните потреби на јавната администрација.
Контакти:
Државен советник за Академија за јавни финансии и воведување на стандарди и модели за управување со квалитет
Амина Шкријељ
Телефон: 02/3255-677
Е-пошта: amina.sh@finance.gov.mk
Помошник раководител на сектор
Александра Лулкоска
Телефон: 02/3255-760
Е-пошта: aleksandra.lulkoska@finance.gov.mk
Помошник раководител на сектор
Милица Неделковска Адамческа
Телефон: 02/3255-418
Е-пошта: milica.nedelkovska@finance.gov.mk
Одделение за развој на стратешки документи и управување со партнерства
Одделението за развој на стратешки документи и управување со партнерства е надлежно за стратешко планирање, анализа и унапредување на системот за обука, како и за воспоставување, одржување и развој на соработка со национални и меѓународни партнери.
Советник за подготовка на програма за работа и програми за обуки
Славица Димоска Давковска
Телефон: 02/3255-312
Е-пошта: slavica.dimoska-davkovska@finance.gov.mk
Советник за соработка со домашни и странски институции и организации
Мартина Тодоровска
Телефон: 02/3255-761
Е-пошта: martina.todorovska@finance.gov.mk
Одделение за организација, реализација и евалуација на обуки
Одделението за организација, реализација и евалуација на обуки е надлежно за сеопфатно планирање, организација, реализација и евалуација на обуки, испити и стручни настани, како и за обезбедување логистичка, административна и техничка поддршка за нивно непречено спроведување.
Раководител на одделение за организација, реализација и евалуација на обуки
Мирајет Сали
Телефон: 02/3255-701
Е-пошта: mirajet.sali@finance.gov.mk
Одделение за развој, промоција и иновации
Одделението за развој, промоција и иновации е надлежно за унапредување на иновативните пристапи во образовните процеси, дигитална трансформација на обуките и зајакнување на комуникациските и промотивните активности на Академијата.
Виш соработник за промоција и инновации
Јетон Даути
Телефон: 02/3255-742
Е-пошта: jeton.dauti@finance.gov.mk