Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

АФКОС – Одделение за координација на борба против измама на ЕУ средства

Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) е формирано во Секторот за финансиска инспекција во јавниот сектор и координација на борба против измама на ЕУ средства во рамките на Министерство за финансии на Република Северна Македонија како контакт точка за соработка со канцеларијата на Европската комисија за борба против измама (OLAF).

Надлежностите на АФКОС се утврдени во член 50 од Рамковната спогодба помеѓу Република Македонија застапувана од страна Владата на Република Македонија и Европската  комисија  за постапките за спроведување на  финансиската помош од Унијата за Република Македонија во рамките на спроведувањето на помошта според Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) (”Службен весник на РМ” бр.99/2015 ) и член од 50 од Рамковната Спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската Комисија и Република Северна Македонија, застапувана од Владата на Република Северна Македонија за посебните постапки за спроведување на финансиската помош од Унијата за Република Северна Македонија споредот за Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) („Службен весник на РСМ“ бр.235/2022). Обемот на работата на Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата е утврден во Правилникот за организација и работа на  Министерството за финансии.

Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата ги има следните надлежности:

– координација на административни и оперативни обврски и активности и предложува измени на националното законодавство, со цел да се заштитат финансиските интереси на Европска Унија,

–  врши активности за изготвување и спроведување на Националната стратегија за борба против измами и заштитата на финансиските интереси на Европската унија,

–  ја олеснува ефективната соработка и размена на информации со ОЛАФ,

–  идентификува можни слабости  во системот за заштита на финансиските интереси на ЕУ - АФКОС системот, 

-дава предлози за обуки и учествува во реализацијата на програми за обуки во согласност со потребите на институциите вклучени во АФКОС системот,

-поднесува пријава до раководителот на сектор - главен инспектор за вршење финансиска инспекција во субјекти од јавниот сектор, кои учествуваат во имплементација или се корисници на ЕУ фондови,

– споделува информации за неправилности и случаи на сомнеж за измама со надлежните национални државни органи и ОЛАФ и

– обезбедува и исполнува на други обврски за заштита на финансиските интереси предвидени во регулативата на Европска Унија за Инструментот за претпристапна помош (ИПА) во Република Северна Македонија.

Контакти:

м-р Татјана Трајковска, Раководител на сектор за финансиска инспекција во јавниот сектор и координација на борба против измама на ЕУ средства – Главен инспектор
тел: +389 3255 482

e-mail: tatjana.trajkovska@finance.gov.mk

Дивна Најдовска, Раководител на одделение за координација на борба против измама на ЕУ средства (АФКОС)
tel: +389 3255 469

 e-mail: divna.najdovska@finance.gov.mk

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност