Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Програма на економски реформи

Програма на економски реформи 2026-2028

Програмата на економски реформи (ПЕР) е дел од процесот на Поедноставениот европски семестар за земјите кандидати, инспириран од Европскиот семестар за земјите членки на ЕУ. Процесот, воведен со Стратегијата за проширување во 2013 година, подразбира подобрување на економското управување и координацијата на економските политики со цел обезбедување долгорочен економски раст и конкурентност согласно барањата од Копенхашките критериуми за членство во ЕУ. Програмата е еден од клучните процеси во областа Економски критериуми, дел од кластерот Фундаменти во преговарачкиот процес.

ПЕР е основа на Економскиот и финансиски дијалог помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ, во рамки на кој се усвојуваат заеднички заклучоци со препораки за приоритетни реформи кои се однесуваат на фискалните политики, како и за структурните реформи што треба да бидат вклучени во националните буџети, а чие исполнување ЕУ редовно го следи и го оценува секоја година. 

Водичот на ЕУ за подготовка на Програмата на економски реформи за периодот 2026-2028 година (јули 2025 година), како и претходната година, е во насока земјите од Западен Балкан да не го подготвуваат поглавјето во ПЕР и соодветните анекси коишто се однесуваат на структурните реформи, со оглед на тоа што земјите од Западен Балкан изготвија Реформска агенда (РА) за периодот 2024-2027 година, со конкретни чекори за спроведување реформи, а во рамки на соодветниот Механизам на ЕУ за реформи и раст. Согласно Водичот за ПЕР 2026-2028 година, земјите од Западен Балкан во поглавјето 5А од PER треба да дадат краток осврт на избрани реформи од РА во поглед на нивното влијание врз економијата.

Програмата на економски реформи 2026-2028 година е усвоена од страна на Владата на Република Северна Македонија на 13 јануари 2026 година, и официјално е доставена до Европската Комисија на 15 јануари 2026 година. Повеќе информации за ПЕР прочитајте овде.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност