Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

За нас

Кои сме ние?

 

Академијата за јавни финансии е организирана како сектор во рамките на Министерството за финансии, основана за да придонесе кон подобрување на јавните финансии во Република Северна Македонија. Наша мисија е да ги едуцираме и поддржуваме вработените во јавниот сектор преку обуки, методолошки упатства и практични решенија што промовираат транспарентност, отчетност и ефективност во управувањето со јавните ресурси.

 

 

Нашата визија

 

Да станеме национален центар на извонредност за професионалци во јавниот сектор, препознатлив по иновации, доверба и одговорност.

 

 

Наши цели

 

  • Развој на капацитети на поединци и институции за подобро управување со јавните финансии.
  • Понуда на современи и практични програми за обука што одговараат на реалните потреби на јавниот сектор.
  • Промовирање на професионалност, интегритет и тимска работа во јавната администрација.

 

Што нудиме?

 

  • Обуки во областа на јавните финансии, фокусирани на унапредување на знаењата и практичните вештини на професионалците во јавниот сектор.
  • Прирачници и методолошки алатки за зголемување на ефикасноста.
  • Поддршка за професионален развој преку мрежа на соработка со домашни и странски институции.

 

Наши вредности

Довербаинтегритеттимска работаиновативностодговорност и извонредност се основата на сè што правиме.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај