Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЦФЦД

Сектор за централно финансирање и склучување на договори – ЦФЦД

Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФСД) при Министерството за финансии дејствува како оперативно тело за склучување договори во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), опфаќајќи ги ИПА I, ИПА II и ИПА III програмски период. Секторот е одговорен за спроведување на тендерски постапки, склучување договори, следење на нивната реализација и извршување на плаќања во рамките на децентрализираниот систем за управување со проекти финансирани од Европската Унија во Република Северна Македонија.

Главната цел на Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФСД) е да обезбеди соодветна, ефективна и ефикасна индиректна имплементација на проекти финансирани од ИПА, притоа почитувајќи ги принципите на стабилно финансиско управување и применувајќи соодветни контроли. На тој начин, Секторот придонесува за поддршка на државата во исполнувањето на критериумите за пристапување и нејзиното напредување на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Својата функција и надлежност Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФСД) ја остварува преку воспоставена организациска структура поделена на пет одделенија, која ги опфаќа следните процеси:

  • Подготовка и спроведување тендерски постапки и склучување договори – во рамките на активностите што ги извршува Одделението за ЕУ јавни набавки и склучување договори;
  • Финансиска проверка и исплата на средства по склучените договори – како дел од надлежностите на Одделението за финансиски работи;
  • Следење на склучените договори – главен фокус на Одделението за следење на проекти;
  •  Воспоставување соодветен систем за обезбедување квалитет на тендерската документација – еден од приоритетите на Одделението за контрола на квалитет;
  • Обезбедување ефикасно и ефективно функционирање на системот за внатрешна контрола во Секторот – примарна надлежност на Одделението за општи работи.

Целокупната организација и поставеност на Секторот подетално се утврдени во Правилникот за внатрешна организација и работа на Министерството за финансии, кој е објавен на веб-страницата на Министерството.

Раководителот на ЦФСД е во исто време и Раководител на Оперативната структура за ИПА (РОС), ја задржува целосната одговорност за имплементација на проектите од ИПА I и ИПА II програмите и обезбедува ефективно надгледување за соодветна реализација на задачите делегирани од страна на ИПА Координаторите во согласност со претходно склучените Оперативни договори.

Новата финансиска помош отвора нови перспективи и нови предизвици кои треба да придонесат кон процесот на приближување на Република Северна Македонија кон Европската Унија. ЦФСД, како посредно тело за финансиско управување, ја има одговорностa за спроведување на тендерски постапки, склучување договори и извршување плаќања за набавка на услуги, градежни работи, опрема, грантови и твининг-проекти во рамките на активностите финансирани од ИПА III програмите во државата.

Правната регулатива, насоките за критериумите за учество во проектите на Европската Унија, информациите за тековните проекти и сите други релевантни содржини поврзани со надлежностите на Секторот за централно финансирање и склучување договори се достапни на официјалната веб-страница на Секторот – “cfcd.finance.gov.mk”.

 

Клучни контакти:

Министерство за финансии на Република Северна Македонија
Сектор за централно финансирање и склучување на договори

ул: Даме Груев 12, 1000 Скопје
е-маил: cfcd@finance.gov.mk
Факс: +389 2 3255 723

 

Лица за контакт

Раководител на сектор
Татјана Калиновчиќ-Трајковска
Т: 02 3255 416
tatjana.kalinovcic@finance.gov.mk


Помошник раководител на сектор
Дафинка Јаќовска-Велкоска
Т: 02 3255 378
dafinka.jakovska-velkoska@finance.gov.mk

Помошник раководител на сектор
Драган Томовски
Т: 02 3255 696
dragan.tomovski@finance.gov.mk

 


Одделение за ЕУ јавни набавки и склучување на договори
(име презиме), Раководител на одделение
Т: 02 3255 —
е-маил

Одделение за следење на проекти
(име презиме), Раководител на одделение
Т: 02 3255 —
е-маил

Одделение за финансиски работи
Симона Јосифоска, Раководител на одделение
Т: 02 3255 388
simona.josifoska@finance.gov.mk

Одделение за контрола на квалитет
Муарем Азизи, Раководител на одделение

Т: 02 3255 384
muarem.azizi@finance.gov.mk

Одделение за општи работи
Низамедин Шабан, Раководител на одделение

Т: 02 3255 638
nizamedin.saban@finance.gov.mk

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност