Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работилници на тема „Самопроценка на контролниот ризик”

Работилници на тема „Самопроценка на контролниот ризик”
23 септември 2026, Скопје - Во рамките на континуираните активности за зајакнување на системот на јавни финансии и унапредување на професионалните капацитети на внатрешната ревизија во јавниот сектор, на 16,17 и 18 септември 2026 година, во просториите на Министерството за финансии, беа реализирани работилници на тема „Самопроценка на контролниот ризик“.
 
Работилниците беа организирани во соработка помеѓу Министерството за финансии и ИПА проектот „Поддршка за имплементација на Програмата за реформа на јавните финансии 2024–2027“, со цел обезбедување стратешка и практична поддршка за понатамошно унапредување на внатрешната ревизија како значајна функција во системот на добро финансиско управување и контрола.
 
Целта на работилниците беше унапредување на знаењата и практичните вештини на внатрешните ревизори во примената на самопроценката на контролниот ризик, како и подобро разбирање на нивната советодавна улога во управувањето со ризиците.
 
Во рамки на работилниците беа опфатени улогата и одговорностите на внатрешниот ревизор во процесот на управување со ризици, процесот и чекорите за спроведување на самопроценка на контролниот ризик, како и вештините потребни за успешно водење на сесиите за самопроценка.
Дополнително, беа презентирани практични алатки за спроведување на самопроценката и нивната примена во работата на внатрешната ревизија.
 
Работилниците придонесоа кон размена на практични искуства и унапредување на капацитетите на внатрешните ревизори во оваа област.
 
Посебен акцент беше ставен на размената на практични искуства, добри практики и предизвици со кои се соочуваат институциите со цел унапредување на квалитетот, транспарентноста и ефективноста на ревизорските процеси во јавниот сектор.
 
Работилниците беа реализирани во соработка со Секторот Академија за јавни финансии и Секторот за централна хармонизација на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор при Министерството за финансии.
Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност