Министерството за финансии спроведува активности насочени кон зголемување на користењето на нематеријални средства како обезбедување од страна на малите и средните претпријатија (МСП), вклучувајќи и соработка со Стопанските комори со цел:
-
информирање на МСП за можноста за користење на нематеријални средства како обезбедување, со цел поттикнување на поголемо користење на нематеријалните средства како обезбедување;
-
поддршка на претприемништвото, иновациите и развојот на конкурентноста преку подобра информираност за користење на нематеријални средства.
Согласно постојната законска рамка, малите и средните претпријатија можат да користат нематеријални средства како обезбедување при кредитирање, доколку средството е регистрирано, правилно вреднувано и прифатено од финансиската институција (како на пример патенти, трговски марки и други комерцијални права). Во секој случај финансиската институција треба да ги има предвид кредитната способност на клиентот, односно квалитетот на проектот и уредноста во намирувањето на обврските.
Во врска со можностите и условите за користење на нематеријални средства како обезбедување при кредитирање, заинтересираните трговци треба директно да се обратат до финансиските институции за повеќе информации во врска со подобноста на обезбедувањето со кое располагаат и кое може да им послужи во постапката за обезбедување на финансиски средства за поддршка на своите деловни активности.