Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Академијата за јавни финансии спроведе обука на тема „Управување со ризици: важноста на управувањето со ризици, практични примери за стратешки и оперативни ризици во јавниот сектор, процена на ризици и регистар на ризици“

Академијата за јавни финансии спроведе обука на тема „Управување со ризици: важноста на управувањето со ризици, практични примери за стратешки и оперативни ризици во јавниот сектор, процена на ризици и регистар на ризици“

27 септември 2024, Скопје – Академијата за јавни финансии, сектор во Министерството за финансии, организираше обука на тема „Управување со ризици: важноста на управувањето со ризик, практични примери за стратешки и оперативни ризици во јавниот сектор, практични примери за процена на ризик и регистар на ризик“ наменета за вработени во органите на државната управа на централно ниво.

Целта на предметната обука е зајакнување на вештините и знаењата на вработените во јавниот сектор за препознавање и ефективно управување со ризиците во нивното секојдневно работење, користејќи современи методологии и алатки кои можат да ги имплементираат во работните процеси. Обуката беше со интерактивен пристап, а учесниците имаа можност да се стекнат со нови вештини преку дискусии, вежби и практични примери од наведената област.

Темата на оваа обука е утврдена со Годишната програма за обуки за 2024 година, а самата обука беше спроведена од страна на сертифицираниот обучувач Мите Митевски, вработен во Министерството за финансии, на работно место раководител на Сектор за јавна внатрешна финансиска контрола.

Министерството за финансии преку Секторот – Академија за јавни финансии ќе продолжи со континуирана едукација на јавниот сектор од областа на јавните финансии, која ќе ги следи европските и меѓународните трендови. Целта е создавање модерна и професионална администрација која ќе може да обезбеди квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност