Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Бесими: Буџетот реализиран согласно планот, капиталните со рекордна реализација, дефицитот понизок од планот

Бесими: Буџетот реализиран согласно планот, капиталните со рекордна реализација, дефицитот понизок од планот

4 јануари 2024, Скопје – „Буџетот за 2023 година е реализиран согласно планот и се одликува со историски највисока реализација на капитални инвестиции, и тоа и по сума и по процент на реализација. Реализирани се 707 милиони евра капитални инвестиции или 97% во однос на планот. Буџетскиот дефицит изнесува 4,67% од БДП што е на пониско ниво од проекцијата (4,8%), а јавниот долг 59,3% што е на пониско ниво и од планот и од фискалните правила.“

 

Ова го соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната  средба со новинарите, на која потенцира дека ова е прва фискална година после 12 години во која не е извршен ребаланс на Буџетот.

 

„Реализацијата на вкупните приходи е 98,3%, а на расходите 98,1%. Реализацијата на капиталните расходи односно на инвестициите е 43,5 милијарди денари или 707 милиони евра што претставува 97% реализација во однос на планот, поточно 4,9% од БДП и 52% повеќе од 2022 година“, истакна министерот и додаде дека во последните десет години ова е рекордна реализација на капиталните расходи во однос на планот.
Она што е важно, како што напомена, е дека капиталните расходи заземаат значително место во структурата на Буџетот. Она што беше најавено во 2023 година воедно е и остварено, а тоа е дека капиталните расходи се реализирани на ниво повисоко од буџетскиот дефицит којшто е реализиран на ниво од 41,423 милијарди денари.

 

„Ова значи дека задолжувањата се направени само за инвестиции, а притоа се продолжи со определбата за фискална консолидација. Односно, буџетскиот дефицит е на ниво од 4,67% од БДП што е пониско од проектираното (4,8% од БДП). Ваквиот тренд трае од 2020 година. Буџетски дефицит во 2020 година е релизиран на ниво од 8% од БДП (проектиран 8,4%), во 2021 година 5,4% (проектиран 6,1%), а во 2022 е реализиран на ниво од 4,5% од БДП (проектиран на 5,4% од БДП). Овој тренд продолжува и во 2024 година, поточно тој е проектиран на ниво од 3,4% што е согласно фискалните правила, особено ако се земе предвид дека 0,4% од дефицитот е за спроведување антикризни мерки“, појасни министерот Бесими.
Напомена дека покрај зголемување на средствата за инвестиции, повеќе средства се одвоени и за поддршка на стопанството и на граѓаните, односно 5,2 милијарди денари за компаниите, 8,8 милијарди денари за исплата на субвенции во земјоделството, 1,97 милијарди денари за субвенции во образованието, 874 милиони денари за субвенции во културата и 185 милиони денари за субвенции во спортот. Повеќе средства се трансферирани и до единиците на локалната самоуправа, односно 27,7 милијарди денари.

 

Министерот посочи и на реализираната поддршка за справување со кризата и на поддршката на стопанството и граѓаните во износ од 5,5 милијарди денари.

 

„Главниот аспект е постигнат. Буџетот е во рамки на планот, остварувањата се балансирани на ниво на приходи и расходи, финансирањето е обезбедено со понизок трошок, а капиталните расходи се на пониско ниво од дефицитот“, рече министерот и додаде дека ваквата реализација е солидна основа за економски развој во наредниот период.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност