Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Денеска започнува Глобалната недела на парите 2024: „Заштитете ги вашите пари, обезбедете ја вашата иднина“

Денеска започнува Глобалната недела на парите 2024: „Заштитете ги вашите пари, обезбедете ја вашата иднина“

18 март 2024, Скопје –  „Заштитете ги вашите пари, обезбедете ја вашата иднина“ е темата на овогодинешното 12-то одбележување на Глобалната неделна на парите што во земјава го организираат Министерството за финансии, Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација. Глобалната недела на парите, што започнува денеска и ќе трае до 24 март, традиционално ќе се одбележи со   предавања и објавување едукативни материјали од областа на финансиите.

 

Темата се однесува на безбедното управување со парите и јакнењето на свеста за потенцијалните ризици во финансискиот сектор и заштитата на личните финансии. Таквите ризици вклучуваат финансиски измами, вклучително и сомнителни пораки (фишинг), измами при купување преку интернет, како и ризици поврзани со приватноста на податоците, како што е кражбата на идентитетот. Најчесто младите се жртви на финансиски измами, поради нивниот постојан допир со технологиите и пониската информираност за можните опасности  при користењето на современата технологија и современите начини на плаќања за обезбедување нови финансиски производи и услуги. Оттаму, темата на овогодишната Глобална недела на парите ги поттикнува младите луѓе да гледаат подолгорочно и да бидат претпазливи при носењето финансиски одлуки и користењето на современите технологии.

 

Во рамките на одбележувањето на Глобалната недела на парите, Министерството за финансии ќе организира повеќе предавања за учениците од основните и средните училишта.

 

Во меѓународни рамки, Глобалната недела на парите се одбележува од 2012 година, со единствен прекин во 2020 година поради пандемијата, во организација на Организацијата за економската соработка и развој (ОЕЦД). Оваа глобална иницијатива, којашто досега се одбележува во повеќе од 176 земји во светот и со која се опфатени 60 милиони деца и млади, ја подигнува свеста кај младите за финансиската едукација и нивните знаења за парите, штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Повеќе информации за Глобалната недела на парите се достапни на врската: www.globalmoneyweek.org

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност