Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска: Економијата се опоравува и стабилизира, во четвртиот квартал раст на БДП од 3,2%

Димитриеска-Кочоска: Економијата се опоравува и стабилизира, во четвртиот квартал раст на БДП од 3,2%

5 март 2025, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска смета дека растот на БДП од 3,2% проценти во четвртиот квартал од 2024 година е сигнал дека економијата почнува да се опоравува и постепено да се стабилизира.

 

„Економијата покажува значителни знаци на опоравување и стабилизирање – резултат на политиките што ги спроведува Владата. Потврда за тоа стигнува од објавените податоци на Државниот завод за статистика за раст на БДП од 3,2% во последниот квартал од 2024 година. Затекнавме економија која беше во стагнација, со раст на БДП од 1,2% во првиот квартал и 2,3% во вториот квартал од 2024 година. Тоа бараше итни и неодложни мерки на краток рок за да овозможиме економијата да почне да се опоравува и да се фокусираме на политики коишто ќе овозможат засилена економска активност со просечни стапки на раст од 5%“, напиша министерката за финансии на својот профил на Фејсбук.

 

Таа додава дека инвестициите се главна карика на концептот на оваа Влада и дека со тој концепт ќе се продолжи и во наредниот период.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност