Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии

Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии

24 јуни 2024, Скопје – Во Министерството за финансии утрово беше извршено примопредавање на функцијата министер за финансии. Новата министерка Гордана Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата од досегашниот министер за финансии Фатмир Бесими.

 

На средбата Бесими ја запозна новата министерка со тековните активности и проекти на кои се работи во Министерството за финансии. При тоа беше посочено дека Министерството има значајна улога и дека е најважно да се спроведат реформи коишто ќе обезбедат одржливост во финансиите и економски раст.

 

Ја презедов оваа функција од мојот претходник, поранешниот министер Фатмир Бесими, обврзувајќи се на посветена и чесна работа за време на извршувањето на функцијата“, напиша министерката Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил.

 

 Димитриеска-Кочоска е дел од Владата на премиерот Христијан Мицкоски, која беше изгласана вчера во Собранието на Р Македонија.

 

 Фатмир Бесими го водеше овој ресор од септември 2020 година.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност