Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска на средба со новиот заменик-помошник секретар за ЗБ во Стејт Департментот, Касанов – Приоритет е справувањето со корупцијата и криминалот, се зајакнуваат капацитетите на институциите

Димитриеска-Кочоска на средба со новиот заменик-помошник секретар за ЗБ во Стејт Департментот, Касанов – Приоритет е справувањето со корупцијата и криминалот, се зајакнуваат капацитетите на институциите

24 октомври 2024, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на работната посета на САД во Вашингтон, оствари средба со Александар Касанов, нов заменик-помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот. Тој доаѓа на местото на Габриел Ескобар.

На средбата стана збор за актуелната политичка и економска состојба во земјата. Притоа министерката се осврна на механизмите за справување со корупцијата и за зајакнување на капацитетите на институциите. Исто така, таа ги истакна и напорите што се прават во однос на зголемување на економскиот раст, којшто ќе донесе подобар животен стандард за граѓаните.

На состанокот беше потенцирана поддршката и партнерството помеѓу САД и РС Македонија во обезбедување развој на земјата и продолжување на реформите од евроинтеграцискиот процес. Беше поздравено и одобрувањето на реформските агенди на земјите од Западен Балкан, вклучително и на нашата земја, од страна на Европската Унија, со кои се поддржува забрзување на процесот на пристапување на земјите од регионот во ЕУ.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Вашингтон учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност