Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска на средба со претставници од Директоратот за соседска политика и проширување – Посветени сме на спроведување реформи и инвестиции што ќе нѐ приближат до ЕУ

Димитриеска-Кочоска на средба со претставници од Директоратот за соседска политика и проширување – Посветени сме на спроведување реформи и инвестиции што ќе нѐ приближат до ЕУ

8 ноември 2024, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Брисел упати порака дека Владата е силно посветена на спроведување на реформите коишто се дел од Реформската агенда и кои претставуваат вистински патоказ за побрзо приближување кон ЕУ и подигнување на стандардот на граѓаните.

„Она што е клучно и на што Владата посветува внимание е спроведување на реформите со цел постигнување забрзан економски раст. Покрај Реформската агенда, којашто е утврдена заедно со ЕК, имаме и многу активности предвидени во Програмата за работа 2024 – 2028 година, а кои ќе носат промени за подобро утре. Еден од најзначајните документи кој ги отсликува политиките што ќе се креираат – Буџетот за 2025 година, е веќе подготвен и доствен во собраниска процедура. Она на што ќе бидеме посветени, меѓу другото, е и реализација на инвестициите затоа што тие носат економски раст, но приоритет е и борбата со криминалот и коруцпијата“, истакна министерката за финансии на средбата со претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување.

Таа додаде дека претстои многу работа во реализација на реформите и притоа се заблагодари за поддршката што ја добиваме од ЕУ. На средбата беше нагласено дека прогресот во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на капацитетите на администрацијата отвораат можност и за поголем пристап до средства од фондовите на ЕУ и зголемени инвестиции.

Министерката во Брисел учествуваше на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“ и притоа оствари средба и со претставници од Европската народна партија.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност