Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска на средба во ЗЕЛС – Постојаната комуникација ќе донесе до решавање на проблемите во општините

Димитриеска-Кочоска на средба во ЗЕЛС – Постојаната комуникација ќе донесе до решавање на проблемите во општините

7 февруари 2025, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба во Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски и членовите на Управниот одбор.

Целта на средбата, како што посочија во заедничка изјава Димитриеска-Кочоска и Ѓорѓиевски, е да се отвори дискусија за сите отворени прашања и изнаоѓање решенија со цел создавање подобри услови за живот на граѓаните.

„Денеска сме на средба во ЗЕЛС, која е дел од постојаната комуникација што Министерството за финансии ја има со општините, но секако дека требаат и вакви средби со цел да се слушнат и одредени проблеми и да се најдат заеднички решенија“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека мотивот за денешната седница е реализација на Проект за енергетска ефикасност финансиран со Светска банка и можноста за финансирање проекти на општините.

„За реализација на проектот имаме потпишано Договор во 2021 година со институција којашто дава поволни кредити, каде што од една страна имаше забавена динамика, а од друга страна имаме јавни објекти во кои треба да се инвестира со цел да се направат заштеди на енергија и да се заштити животната средина“, рече министерката, додавајќи дека станало збор и за обезбедените 250 милиони евра за општински проекти, за блок дотации, платите кои се исплќаат преку локалните самоуправ и слично.

Таа потенцира дека на ваков начин е целта да се најде одговор на отворените прашања и да се променат работите за на крајот да бидат задоволни граѓаните од животот во таа општина.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност