Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска на завршна средба со ММФ: Потврдена насоката за фискална консолидација и стабилен економски раст

Димитриеска-Кочоска на завршна средба со ММФ: Потврдена насоката за фискална консолидација и стабилен економски раст

31 март 2026 година, Скопје- Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, заедно со тимот од Министерството за финансии, денес одржа завршна средба со Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од шефот на Мисијата, Ник Гигинешвили, во рамки на редовните консултации согласно член IV за 2025 година.
На состанокот беа сумирани клучните наоди од мисијата и беа разгледани макроекономските движења, фискалните политики и проекциите за наредниот период, како и ризиците поврзани со надворешното економско опкружување.
Беше констатирано дека македонската економија остварува стабилен раст, со позитивни движења кај економската активност, постепено смирување на инфлацијата и поволни трендови на пазарот на труд.
Растот и натаму се потпира на домашната побарувачка, извозот и инвестициите, при што беше нагласено значењето на одржување на инвестициската активност, особено во инфраструктурата и јавните проекти.
Истовремено, беше потенцирана определбата на Владата за постепена фискална консолидација, зајакнување на управувањето со јавните финансии, подобрување на наплатата на приходите и зголемување на ефикасноста на јавната потрошувачка.
Во тој контекст, беше истакнато дека буџетскиот дефицит ќе продолжи да се намалува согласно среднорочната фискална стратегија, со цел обезбедување долгорочна одржливост на јавниот долг
и во услови на глобална неизвеснот.
Претставниците на ММФ ја поздравија фискалната дисциплина и конзистентноста во спроведувањето на економските политики, оценувајќи дека тие се движат во вистинска насока, при што буџетскиот дефицит за 2025 година е реализиран согласно планираното ниво од 4% и охрабрувајќи продолжување на фискалната консолидација.
Беше нагласена потребата буџетскиот дефицит и јавниот долг да се задржат согласно поставените фискални правила и фискална рамка и покрај зголемените неизвесности во глобалната економија.
Во услови на засилени глобални ризици, вклучително и геополитички тензии и ценовни притисоци на енергенсите, од страна на ММФ беше
посочено спроведување на таргетирани, временски ограничени и фискално одржливи мерки за поддршка на граѓаните и стопанството. Притоа, беше нагласена важноста мерките да бидат прецизно насочени, со цел зачувување на макроекономската стабилност зајакнување на наплатата на приходите и намалување на неформалната економија.
На состанокот беше оценето дека континуитетот во спроведувањето на внимателни и одговорни економски политики, како и понатамошните структурни реформи, се клучни за зајакнување на отпорноста на економијата, одржување на довербата и обезбедување стабилен и инклузивен економски развој.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност