Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска: Повеќе институции имаат надлежност над финансиските друштва, МФ постапува самостојно и ги засилува контролите

Димитриеска-Кочоска: Повеќе институции имаат надлежност над финансиските друштва, МФ постапува самостојно и ги засилува контролите

27 ноември 2026, Скопје – Минситерството за финансии е носител на регулативата на финансисиските друштва и има надлежности согласно Законот за финансиски друштва и Законот за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити. Но согласно законските прописи надлежности над работењето на финансиските друштва имаат и други институции.

Ова го истакна министерката за финансии во утринското госутвање во Радио Лидер во кое посочи дека надлежност има и Управата за јавни приходи во делот на даноците, Агенцијата за заштита на лични податоци во делот на личните податоци, Државниот пазарен инспекторат, она за што вчера соопшти во делот на наплата на опомени, измамнички пракси и измамничко рекламирање, Управата за финансиско разузнавање кога станува збор за промена на сопственост и во делот на перење пари и Финасиската полиција.

Појаснувајќи го постапувањето на Министерството за финансии, а согласно ингеренциите што ги има и ги црпи од законската регулатива министерката рече дека се вршат контроли и дека тие контроли се засилени особено по 2024 година и дека се изречени мерки, како што се одземање дозволи на 4 финансиски друштва, привремено затворање, изречени глоби во износ од околу 50 илјади евра и слично.

„Ние постапуваме и до крајот на годината најверојатно ќе имаме изрекување на уште прекршоци кон одредени финансиски друштва и ќе има и понатаму одземање на дозволи“, наведе министерката.

Таа појасни дека во 2024 година до финансиските друштва е доставен допис со укажуање на примена на чл. 36 од Законот за заштита на потрошувачите и дека воедно е доствен и допис во 2026 година до ДПИ за членови од договори кои укажувале дека се прибираат трошоци, а што  не е во надлежност на МФ.

„Министерството за финансии настапува самостојно соглано законите. Во 2024 година од страна на Минситерството за финансии  испратено е циркуларно писмо до сите финансиски друштва со напомена да се внимава на чл. 36 од Законот за заштита на потрошувачите каде е дефинирано дека одредени опомени и таков тип на дејствија што ги преземаат не смеат да се наплаќаат. Тоа е наведено во Законот за заштита на потрошувачи. Тоа сме го направиле иако не е наш матичен закон, од причина што сакаме да ги потсетиме“, истакна министерката и додаде дека на зајакнување на капацитетите во МФ за надзорот се работи и со консултатни од Трезорот на САД.

Министерската најави дека е подготвен и завршен нов предлог-закон за измени и дополнување на Законот за финансиски друштва и дека тој носи клучни измени за заштита на граѓаните. Меѓу нив се регулира исплатата и уплатата на средствата да се врши електронски, односно да се ограничи исплата во готовина, потоа намалување на трошоците за кредитите од финансиските друштва и слично.  

Посочи дека дел од законските измени се направени и произлегуваат  пријави кои пристигнуваат од граѓантие во Министерството за финансии и ги охрабри граѓаните и понатаму да доставуваат пријави за евентуални неправилности при издавањето на кредити од страна на финансиските друштва.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност