Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска: Препознаени напорите на Владата за фискална консолидација, изразена поддршка од страна на ММФ и СБ

Димитриеска-Кочоска: Препознаени напорите на Владата за фискална консолидација, изразена поддршка од страна на ММФ и СБ

25 октомври 2024, Скопје – Напорите на новата Влада за фискална консолидација се препознаени од страна на меѓународните финансиски институции и за тоа даваат поддршка. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од Вашингтон по средбите со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

„На состаноците истакнавме дека фискална консолидација не можеме да направиме преку ноќ и дека за тоа е потребно време. Најважно е дека покажуваме желба којашто може да се види од Фискалната стратегија, којашто е усогласена и предвидува намалување на буџетскиот дефицит на 4%. Тоа е она што е најважно“, истакна министерката во изјава за ТВ Алфа.

Таа потенцира дека особено радува фактот што на состаноците е забележано дека и таа како како министер за финансии и новата Влада навистина максимално вложуваат напори да ги подобрат резултатите на државата и тие напори се препознаени од страна на претставници на меѓународните финансиски институции.

Изрази уверување дека ни претстои одлична соработка во наредниот период, како и вложување напори во водење политика со постепена фискална консолидиција, внимателно трошење на буџетските средства и истовремено преземање мерки за борба со сивата економија.

Министерката за финансии учествуваше на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон, каде што имаше и состаноци со високи претставници на овие меѓународни финансиски институции.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност