Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димитриеска-Кочоска: За мене темата со вчерашната ситуација е затворена, се фокусирам на мојата работа за која имам одговорност

Димитриеска-Кочоска: За мене темата со вчерашната ситуација е затворена, се фокусирам на мојата работа за која имам одговорност

28 февруари 2025, Скопје – Се фокусирам на мојата работа за која имам одговорност да ја работам. И со задоволство објавувам рекордно ниво на инвестиции во Македонија. Затоа им сметам затоа што темелно чекор по чекор си ја работам работата и резултатите се јасни и видливи. Тие се во истовреме и мерливи, рече министерката за финансии  Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

 

„Веќе изразив жалење за целиот контекст. Но и самите сте свесни дека народот има поважни теми од лажната тема која ја создаваат за дефокус. Немам никогаш намера да навредам никого. Напротив. И таа самата го знае тоа. Ама вака и чини сега да изигрува жрвта. Додека дискутиравме во Собранието реакции немаше, им требаше време да размислат да регираат и дефокусираат. Ниедна туѓа навреда кон мене нема да ме вовлече да навредувам и да возвраќам со навреди. Ова се ќе помине и за мене е најважно да останеме луѓе и да помагаме на луѓето колку што можеме. За мене темата е затворена. Се фокусирам на мојата работа за која имам одговорност да ја работам. И со задоволство објавувам рекордно ниво на инвестиции во Македонија. Затоа им сметам затоа што темелно чекор по чекор си ја работам работата и резултатите се јасни и видливи. Тие се во истовреме и мерливи. Не исклучувам да продолжат со напади кон мене но тоа е и дел од работата која имам чест да ја водам, да му служам на мојот народ и држава“, рече министерката во одговор на новинарско прашање во врска со вчерашната дискусија во Парламентот.

 

Таа додаде дека подолг период на социјалните медиуми е предмет на лажни изјави соопштенија и дека во ниту еден момент не рагирала и затоа смета дека оваа тема е затворена.

 

„Секој има право и ги повикувам да ги искористат своите права па да видиме кој бил во право и кој не бил во право и кој се трудел да дефокусира или користи злоупотреби и лажна терминологија“, посочи министерката Димитриеска-Кочоска.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност