Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар Матлиоска на Пленарна седница на Манивол – Државата континуирано е посветена на унапредување на системот за борба против перење пари и финансирање тероризам

Државниот секретар Матлиоска на Пленарна седница на Манивол – Државата континуирано е посветена на унапредување на системот за борба против перење пари и финансирање тероризам

28 мај 2026, Скопје – Делегација на РС Македонија учествува на 71-та Пленарна седница на Комитетот на експерти за евалуација на мерките против перење пари и финансирање тероризам – MONEYVAL, којашто се одржува во Стразбур од 26 до 29 мај, во организација на Советот на Европа. Во составот на делегацијата сe  државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска, директорот на Управата за финансиско разузнавање Кујтим Ибиши и директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски.

 

Учеството на македонската делегација на оваа пленарна седница ја потврдува континуираната посветеност на државата кон унапредување на институционалниот и регулаторниот систем во согласност со меѓународните стандарди и препораките на Financial Action Task Force (FATF).

Нашата земја придонесува во споделувањето на најдобрите практики за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот со што ја зацврстува својата позиција како партнер во глобалните безбедносни стандарди.

Во рамки на седницата се разгледуваат прашања поврзани со унапредување на меѓународните стандарди и политики во областа на спречување перење пари и финансирање тероризам, како и активности поврзани со процесите на евалуација и следење на земјите членки.

На состанокот ќе се дискутира за извештаите за заемна евалуација од 6-тиот круг за Ерменија и Словенија, ќе се разледува напредокот и извештаите за следење на Романија и Бугарија, како и унапредување на процедурите за усогласеност на Грузија и Полска. 

Членството во Манивол претставува можност за земјите да ги следат промените во меѓународното законодавство од областа на спречување перење пари и финансирање тероризам и имплементација во домашното законодавство, создавање мерки за соодветни одговори на новите трендови и облици на перење пари и финансирање тероризам, како и воспоставување ефективни механизми за национална и меѓународна соработка помеѓу надлежните домашни и странски органи со цел да се спречи перењето пари и финансирањето тероризам како криминални појави коишто ја поткопуваат стабилноста на финансискиот систем.

Комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам (Манивол) е мониторинг тело на Советот на Европа кoе поднесува извештаи директно до својот главен орган, Комитетот на министри на Советот на Европа. Задачата на Манивол е да ја процени усогласеноста на земјите членки со меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање  тероризам и ефективноста на нивното спроведување, како и да дава препораки до националните власти во однос на неопходните подобрувања на нивните системи. 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност