Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Финансиско управување, контрола и сметководство, известување, информации и комуникации“ беше тема на новата обука организирана од Академијата за јавни финансии при МФ

„Финансиско управување, контрола и сметководство, известување, информации и комуникации“ беше тема на новата обука организирана од Академијата за јавни финансии при МФ

18 декември 2024, Скопје – „Финансиско управување, контрола и сметководство, известување, информации и комуникации“ беше тема на најновата обука организирана од Академијата за јавни финансии при Министерството за финансии.

Обуката беше наменета за вработените во органите на државната управа, кои се активно вклучени во процесите на финансиско управување, контрола и сметководство. Целта беше да се обезбеди практично знаење и вештини, што ќе им овозможи на учесниците да ја подобрат својата професионална ефикасност и на тој начин да придонесат кон поголема транспарентност и отчетност во работењето на органите на државната управа.

Обуката ја водеа сертифицирани обучувачи вработени во Министерството за финансии.

Министерството за финансии преку Академијата за јавни финансии има за цел да обезбеди континуирана едукација, воведување иновативни пристапи во управувањето и поттикнување култура на извонредност во институциите од јавниот сектор. Овие активности се од суштинско значење за економскиот развој на земјата и за унапредување на квалитетот на услугите што им се обезбедуваат на граѓаните и на деловниот сектор.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност