Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанкуловски на 25. Годишна конференција на Македонска берза - Со новата регулатива воспоставуваме модерна и сеопфатна рамка за македонскиот пазар на капитал

Јанкуловски на 25. Годишна конференција на Македонска берза - Со новата регулатива воспоставуваме модерна и сеопфатна рамка за македонскиот пазар на капитал

23 септември 2026, Скопје – Министерството за финансии спроведе значајна реформа за развој и унапредување на условите на пазарот на капитал усогласувајќи го домашното со европското законодавство. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во обраќање на 25-тата Годишна конференција на Македонска Берза којашто се одржа во Охрид.

„Владата презема клучни активности насочени кон креирање долгорочно стабилен, сигурен и отпорен финансиски систем. Пазарот на капитал е витален сегмент на тој систем, а одржувањето на макроекономската и фискалната стабилност е основен предуслов за негов натамошен раст и развој. Како носител на законската регулатива, Министерството за финансии континуирано работи на унапредување на условите на пазарот и на усогласување на домашното со европското законодавство. Пазарот на капитал е дел од Кластерот „Внатрешен пазар“, во рамки на Поглавјето 9 за финансиски услуги, и во таа насока ги следиме новите европски директиви и регулативи“, рече Јанкуловски.

Тој потенцира дека една од најзначајните реформи во нашата агенда во оваа област спроведена преку носењето на Законот за финансиски инструменти и Законот за проспекти за хартии од вредност и обврски на издавачите за транспарентност, коишто го заменија Законот за хартии од вредност, а почнуваат да се применуваат од следниот месец.

„Со новата регулатива воспоставуваме модерна и сеопфатна рамка за македонскиот пазар на капитал, усогласена со ЕУ-регулативите. Создаваме услови за развој на нови производи и услуги, поголема стабилност, зајакнат надзор и повисоко ниво на заштита на инвеститорите“, посочи заменик-министерот и потсети дека паралелно со развојот на правната рамка направен и практичен исчекор со воведувањето на граѓанските обврзници.

Ваквите конференции се важни и за споделување на јавните политики. Преку дијалог меѓу креаторите на политики, меѓународните развојни партнери, бизнис-секторот и академската јавност создаваме простор за нови идеи и решенија за забрзан и одржлив економски раст.

 

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност