Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанкуловски: Со Фискалната стратегија се предвидува постепено намалување на буџетскиот дефицит

Јанкуловски: Со Фискалната стратегија се предвидува постепено намалување на буџетскиот дефицит

Фискалната стратегија за периодот 2026 - 2030 година, којашто ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџескиот дефицит и долгот, денеска беше разгледана во Собранието на РС Македонија.

 

Во образложението на Фискалната стратегија, заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски истакна дека клучни елементи на фискалната политика во наредниот среднорочен период ќе бидат: фискална консолидација преку преземање мерки со цел да се обезбеди фискална одржливост на среднорочен период, дисциплина во управувањето со јавните средства преку фискална дисциплина, намалување на сивата економија и поголема наплата на средства во буџетот на државата и во буџетите на општините, поддршка на економијата преку инвестиции во инфраструктурни проекти, со што ќе се создадат услови за раст на бизнисите и создавање нови работни места, редизајнирање на структурата на јавните финансии и одржување високо ниво на капитални расходи за постигнување на планираниот екононмски раст, како и засилена транспарентност и отчетност.

 

„Во периодот 2026 - 2030 година, даночната политика ќе биде во насока на обезбедување одржлив економски раст и развој, притоа обезбедувајќи правна сигурност за даночните обврзници и редовна наплата на јавните приходи. Расходната страна на Буџетот на Република Северна Македонија е усогласена со стратешките приоритети на земјата, кои вклучуваат поттикнување економски раст, стабилни јавни финансии, подобрена јавна инфраструктура и подобар животен стандард на граѓаните. Политиката на управување со јавен долг, пак, ќе биде насочена кон обезбедување на неопходните средства за финансирање на буџетскиот дефицит, за отплата на долговите што достасуваат како резултат на задолжувањата од претходните години и за проектно финансирање, без притоа да се предизвика неоправдано зголемување на долгот до ниво кое може да ја загрози стабилноста на економијата и економскиот раст на државата“, наведе заменик-министерот.

 

На среден рок, како што рече, со фискалната политика се предвидува етапна фискална консолидација, при што буџетскиот дефицит е намален како процентуално учество во БДП, и тоа од 4,0% во 2025 година, на 3,5% во 2026 година, 3% во 2027 година, 3% во 2028 година, 2,8% во 2029 година и 2,8% во 2030 година.

Заменик-министерот потенцира дека од 2027 година, согласно фискалните проекции, предвидено е постигнување на фискалното правило во однос на буџетскиот дефицит, а предвиденото отстапување за 0,5% од БДП се должи, пред сѐ, на планираните инфраструктурни проекти, вклучително од областа на патната инфраструктура, локалните инфраструктурни проекти, како и инвестициите во одбраната.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност