Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Конференција за микрофинансии – Нови подзаконски акти и зајакнат надзор над работата на финансиските друштва, во 2024 г. нема пристигнато поплаки од граѓани за злоупотреба на лични податоци

Конференција за микрофинансии – Нови подзаконски акти и зајакнат надзор над работата на финансиските друштва, во 2024 г. нема пристигнато поплаки од граѓани за злоупотреба на лични податоци

1 ноември 2024, Скопје – Министерството за финансии донесе нов Правилник за начинот за управување со кредитниот ризик на финансиско друштво со кој се унапреди начинот на идентификација на клиентите при одобрување кредит, а податоците упатуваат на тоа дека во 2024 година до Министерството за финансии нема пристигнато ниту една поплака од граѓанин за злоупотреба на лични податоци.

Ова беше истакнато од страна на претставниците на Министерството за финансии кои учествуваа на регионалната конференција „Microbalkans 2024“, која се одржа на 31 октомври и 1 ноември 2024 година во Сараево, Босна и Херцеговина.

Како што беше посочено, Министерството за финансии ќе продолжи да врши засилени контроли над работењето на финансиските друштва кај кои ќе бидат идентификувани потенцијални ризици, согласно утврдените критериуми во новиот Правилник за надзор, а сѐ со цел поголема заштита на граѓаните кои ги користат услугите на овие финансиски институции.

На Конференцијата учествуваше делегација од земјава составена од претставници од Групацијата na небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија и од Народната банка. Конференцијата се одржа во организација на Асоцијацијата на микрокредитни организации на БиХ со поддршка од ЕУ. Целта е поттикнување на развојот на микрофинансискиот сектор во Западен Балкан преку засилена соработка и иновации.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност